ВЕСТ НА ДЕНОТ
Конечно избран нов претседател на Уставен суд
Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, информираат денеска од Судот.
Од Уставен суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот.
Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Дрекслер: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори
„Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во процесот за пристапување нема вето за вашата земја“, изјави германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
РЕГИОН
Радев навести преиспитување на поддршката за членството на Србија во ЕУ
Бугарскиот претседател Румен Радев навести дека Софија може да ја преиспита поддршката за членството на Србија во ЕУ поради тоа како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата, се наведува во статија на Еурактив.
СВЕТ
Околу Тајван забележани 23 кинески авиони за помалку од три часа
Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека 23 кинески авиони биле забележани околу островот за помалку од три часа, меѓу кои имало борбени, транспортни авиони и дронови.
Кина изврши слични упади повеќе пати од инаугурацијата на новиот претседател на Тајван на 20 мај.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Сите бранители на десницата на бедемите на јавниот радио телевизиски сервис“, од Љубомир Костовски.
„Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи“, од Дехран Муратов.
Подготви: Д. Тахири