• Latest
В.д. градоначалници на Гостивар, Аеродром и Сарај. / фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

24 ЧАСА: Ве-де градоначалниците на Гостивар, Аеродром и Сарај ќе останат до локални избори; „Нека им е со среќа“, им посака Мицкоски на Ахмети и Снопче по најавите за протести и излегување од Владата; почна Генералното собрание на ОН

September 24, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ве-де градоначалниците на Гостивар, Аеродром и Сарај ќе останат до локални избори; „Нека им е со среќа“, им посака Мицкоски на Ахмети и Снопче по најавите за протести и излегување од Владата; почна Генералното собрание на ОН

September 24, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
В.д. градоначалници на Гостивар, Аеродром и Сарај. / фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

В.д. градоначалници на Гостивар, Аеродром и Сарај. / фотомонтажа: ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нема вонредни избори во Аеродром, Сарај и Гостивар, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, „ВЛЕН“ и „Европски фронт“ ги изгласаа измените на Законот за локална самоуправа

Собранието со 83 гласа „за“ и 17 „против“ денеска го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка. Со измените се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. По парламентарните избори во земјата и изборот на министри и пратеници, в.д градоначалници има во општините Аеродром, Гостивар и Сарај.

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, на денешната седница истакна дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски до Снопче од ВЛЕН: „Нека му е со среќа“ напуштањето на владината коалиција доколку се донесе Законот за бранители

По изјавата на Халил Снопче, заменик претседател на „ВЛЕН“ дека ќе излезат од владината коалиција доколку се изгласа Законот за бранители, денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, како планира ова да го реши, кусо одговори „Нека му е со среќа“.

Премиерот беше и со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој најавил протести и реагирал за укинување на балансерот.

– Исто така и на него имам да му порачам добро здравје и нека му е со среќа, изјави Мицкоски.

РЕГИОН

Стано: ЕУ го повторува повикот за кривично гонење на одговорните за Бањска

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави денеска, една година од конфликтот во Бањска во кој загинаа тројца локални Срби и еден член на косовската полиција, дека ЕУ го повторува својот повик за брзо кривично гонење на сите одговорни и посочи дека судот мора да одлучи кој е виновен, а кој не е врз основа на доказите.

СВЕТ

Почна Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери

Во Њујорк денеска во 9 часот започнува Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Со кои проблеми се соочуваат студентите на почетокот на академската година

Зголемување на цените кои ги плаќаат студентите при упис на УКИМ, листи за прием на студентите во студентски домови, условувања од страна на професорите да купат нивни книги за да добијат потпис за редовност, можност за полагање на испит, поени, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат студентите на почетокот нановата академска година. Денес, ЦивилМедиа следејќи ја темата, постави прашање – Со кои проблеми се соочуваат студентите на почетокот на академската година?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Една од мноштвото денешни вести вели дека на Македонија ѝ се подготвувало предавство, а темата сама по себе не е атрактивна“, пишува Зоран Иванов во ДОПРЕН ГЛАС, под наслов „Тешко е да се поверува дека на Македонија може да ѝ се случи поголемо актуелно предавство од предавството спрема евроинтеграциите“.

АНАЛИЗИ

Глас на Америка: Кинеското влијание во Северна Македонија – ретка тема во македонските медиуми

Кинеското присуство во Северна Македонија започнува во 2011 година, со учество во кинеската иницијатива „Појас и пат“, но, сиве овие години медиумите не се многу заинтересирани за критички поглед на тоа присуство. За ова разговаравме со новинари и експерти кои за Гласот на Америка ги изнесоа своите гледања.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ