• Latest

24 ЧАСА: Зад инцидентот на Косово е нечија агенда со цел дестабилизација на регионот; Зеленски му додели орден за заслуги на Џабир Дерала; Вучиќ му се пожали на рускиот амбасадор

September 25, 2023
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Зад инцидентот на Косово е нечија агенда со цел дестабилизација на регионот; Зеленски му додели орден за заслуги на Џабир Дерала; Вучиќ му се пожали на рускиот амбасадор

September 25, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги осуди вчерашните случувања во Косово и повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава. Според Ковачевски, зад она што вчера се случи на Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како подрачје на кое има кавги меѓу соседите, пренесе МИА.

„Сигурно е дека зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда на луѓе кои сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир, регион на кавга меѓу соседите, меѓутоа за среќа има политичари како што се политичарите кај нас и во Албанија, верувам дека ги има во сите држави во регионот, кои сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ“, рече Ковачевски.

Се согласи со апелот на еврокомесарот Оливер Вархеји кој побара истрага за да се откријат сторителите, мотивите и нарачителите.

Портпаролот на Европската комисија за надворешни работи, Питер Стано, рече дека ЕУ строго го осудува вчерашниот „терористички напад“ врз косовската полиција во Бањска, додавајќи дека Европската Унија е многу јасна дека Белград и Приштина треба да работат на деескалација и на смирување на тензиите и на опасната ситуација во северниот дел на Косово.

Додека првите луѓе од ЕУ повикуваат на дијалог, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска остварил средба со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко, по вооружената пресметка околу манастирот Бањска, и на неа Вучиќ го информирал рускиот амбасадор дека на Косово се спроведува етничко чистење организирано од косовскиот премиер Албин Курти со поддршка на дел од меѓународната заедница, јави дописникот на МИА од Белград.

Косовско-албанската медиумска платформа Albanian Post во текот на вчерашниот ден објави дека во вооружената група Срби, кои извршија напад на Северот на Косово, кај местото Бањско, оперирале и припадници на платеничките групи „Образи“, озлогласената руска група „Вагнер“ и „СпецНаз“.

Инаку, министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека македонските државјани се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Една од целите што сакаме да ја постигнеме со ЕУ-интеграцијата и за која неспорно сите сме за – е кога Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, македонскиот пасош да биде европски пасош за граѓаните понатаму да не чувствуваат какви било притисоци или не бидат залажувани за одредени бенефиции, впишувајќи се како различна национална припадност од онаа што тие ја чувствуваат“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на прес-конференција со министерот за одбрана на Норвешка, Бјорн Арилд Грам.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОРДЕН Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со орден за заслуги, соопшти ЦИВИЛ денеска. Со истиот Указ, со орден за заслуги се одликувани и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

ЕКОНОМИЈА На средбата во Чикаго, вицепремиерот Битиќи истакна дека инвестициите од САД може да имаат трансформативно влијание врз македонската економија затоа што со себе носат, не само финансиски ресурси, туку и експертиза, технологија и пристап до глобалните пазари.

МТСП Во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата  на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата, велат од Министерството за труд и социјална политика за МИА, во врска со случајот со градинката во Шуто Оризари.

ЕКОЛОГИЈА Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид, декарбонизацијата ќе биде регулирано со закон, а стопанството е подготвено да го спроведува, ова го спомена министерката за екологија Каја Шукова на конференција на тема: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото” – SEEtheSkills проект, која ја органзира Стопаната комора.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Во напад врз седиштето на руската Црноморска флота во привремено окупираниот Севастопол загинаа 34 руски офицери, меѓу кои и командантот на руската Црноморска флота, Виктор Соколов, соопштија Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

Украинскиот специјален истражител Ѓундуз Мамедов, кој е одговорен за документирање на воените злосторства, повика на меѓународна поддршка во истрагата за потенцијалните прекршувања на меѓународното хуманитарно право во руската војна против Украина.

*

Адвокати за човекови права, во соработка со канцеларијата на Главниот обвинител на Украина, подготвува досие за воени злосторства што би било поднесено во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), обвинувајќи ја Русија за намерно предизвикување глад при оружен конфликт, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

АЛ-ПРЕС

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во знак на поддршка на Уставот на Косово, одлучи понеделник 25 септември 2023 година да биде прогласен за државен ден на жалост во чест на полицаецот Африм Буњаку, убиен на северот на земјата во вчерашниот напад од страна на српски терористи. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нападот бил поддржан од Србија, а српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини Курти за нападот на северот на Косово.

Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Факт е дека мирот во Косово е предуслов за мир во целиот регион. Затоа секој што се впушта во каква и да е активност во јавниот простор, па нека е тоа и обичен коментар или реакција на социјалните мрежи, може да придонесе кон влошување или подобрување на ситуацијата. За одговорните во институциите, политиката, медиумите и граѓанското општество и да не говориме.

Дезинформациите не се добредојдени. Дијалогот и вкрстувањето на аргументите, презентирањето на разумните ставови и сознанија, па нека се и различни, може да придонесе кон разјаснување и смирување на ситуацијата. Интерес на граѓанките и граѓаните од сите заедници е да се сочува мирот и проблемите да се решаваат низ дијалог, макар и остар, а не со оружје. Вака напишано, изгледа многу полесно отколку што е. Но што е лесно во денешно време, кога на помалку од 1.000 километри воздушна линија Украина води крвава војна за ослободување од руската агресорска чизма?“, пишува Џабир Дерала во колумната „Еднодневна „мала војна“ во Косово: Густ сообраќај од дезинформации и пропаганда“.

*

„Националистите од сите бои, а посебно овие домашните, си го преземаат (лудачки и бесрамно!) апсолутното право дека тие се единствените господари и сопственици на „народот“: кога тие не се подмирени, тогаш и „народите“ војуваат, па дури и „симболички“; кога тие ќе направат „дил“, тоа значи дека „народите се помириле“. Толку се глупави во своите матафизички пораки, па затоа и во оваа земја е онака како што è, а би можело и уште полошо, не се секирајте, само дајте им шанса да се размавтаат“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Пороците јавни, а вредностите тајни“.

*

„Деновиве кај нас се вжештува играта за тронот во ВМРО ДПМНЕ. Во неа учествуваат трите претседатели на партијата од кои двајца јавно признаваат дека направиле грешки во сопствените проценки и тоа на релација Георгиевски – Груевски, и потоа Груевски – Мицкоски.  На грешки во проценка не се имуни ниту претседателите на СДСМ имајќи го предвид „квалитетот“ на релациите Црвенковски – Бучковски во минатото,  Црвенковски – Заев и Заев – Шеќеринска од неодамна, како и Ковачевски – Шеќеринска и Ковачевски – Заев, иако последново не е од таква магнитуда како претходните примери, барем засега“, пишува Тони Поповски во колумната „Македонската „Игра на тронови“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ