• Latest

25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

November 25, 2019

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

November 25, 2019 09:01
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународен ден за борба против насилството врз жените годинава се одбележува под мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето“. Како и претходно и годинава Меѓународен ден ќе го означи отпочнувањето на 16 дена активизам што ќе заврши на 10 декември 2019 година, што е Меѓународен ден на човековите права.

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш по повод 25 ноември апелираше да се стави крај на сите видови насилство против жените и девојчињата.

– Овие злоупотреби се меѓу најстрашните, најупорните и најраспространетите кршења на човековите права, а со нив се соочува секоја трета жена во светот, истакна Гутереш.

Тој додаде дека „сексуалното насилство врз жените и девојчињата е последица на вековите машка доминација“.

– Да не заборавиме дека родовите нееднаквости што ја поттикнуваат праксата на силување се всушност проблем на неурамнотежена распределба на моќта… Силувањето сè уште се користи како ужасно воено оружје. Сето тоа мора да се смени… веднаш, наведе Гутереш и упати апел до владите, приватниот сектор, граѓанското општество и сите луѓе на целиот свет цврсто да застанат против сексуалното насилство и мразењето жени (мизогинија).

Тој посочи дека треба поголема со солидарност со жените што преживеале насилство.

– Мора и да се залагаме за женските права и еднаквите можности. Заедно, можеме – и мораме – да им ставиме крај на силувањето и сексуалните напади од каков било вид.

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е востановен на првиот состанок на феминистките од Јужна Америка и Кариби (Feminist Encuentro) во 1981 година во Богота. Првпат жените отворено зборуваа за семејното насилство, силувањето и сексуланото злоставување, како и насилството на кое се изложени жените од страна на режимите, вклучително тортурата и насилството врз политичките затворенци.

Дваесетти петти ноември е избран како ден на сеќавање на сестрите Мирабел – Патрија, Минерва и Марија Тереза, кои беа брутално убиени од диктаторот Рафаел Трујило во Доминиканска Република во 1960 година.

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17 декември 1999 година официјално го потврди 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилство врз жените од 20 декември 1993 година.

Декларацијата го дефинира насилството врз жените како „каков било акт на родово базирано насилство, што резултира во или може да предизвика физичка, сексуална или психолошка штета или страдање кај жените, вклучително и закани од такви дела, принуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавен или во приватниот живот“.

ОН наведуваат дека се поразителни бројките за насилството врз жените и девојчињата во светот.

1. Секоја трета жена и девојче биле жртви физичко или сексуално насилство во животот, најчесто од страна на партнерот;

2. Само 52 проценти од жените во брак или во врска слободно носат одлуки за сексуалните односи, употреба на контрацептивни средства и здравствената заштита;

3. Речи 750 милиони жени и девојчиња стапиле во брак пред нивниот 18. роденден, додека 200 милиони жени и девојчиња претрпеле осакатување на гениталиите;

4. Во 2017 година секоја втора жртва била убиена од нејзиниот партнер или семејството, додека во слични околности тоа му се случило на секој 20 маж;

5. Над 70 проценти од жртвите на трговија со луѓе ширум светот се жени и девојчиња, а секоја трета од нив е сексуално експлоатирана;

6. Насилството врз жените е сериозна причина за лошо здравје кај жените, повеќе отколку сообраќајните несреќи и маларијата заедно. Тоа може да предизвикува смрт и неспособност кај жените во репродуктивна возраст.

Насилството врз жените и девојчињата (VAWG) е едно од најраспространетите, постојани и погубни кршења на човековите права, а најчесто останува непријавено поради неказнивоста, молкот, стигмата и срамот на жртвите.

Насилството врз жените и девојчињата има повеќе облици – физичко, сексуално и психолошко.

Додека родово-базираното насилство може да се случи на секого, каде било, некои жени и девојчиња се особено ранливи – на пример, млади девојчиња и постари жени, жени кои се идентификуваат како лезбејка, бисексуалци, трансродови или интерсекс, мигранти и бегалци, домородни жени и етнички малцинства или жени и девојчиња кои живеат со ХИВ и хендикеп и оние кои живеат преку хуманитарни кризи.

Насилството врз жените продолжува да биде пречка за постигнување еднаквост, развој, мир, како и за исполнување на човековите права на жените и девојчињата.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ