• Latest

Жаку, Преспа Форум Дијалог 2023: Младите треба да се гледаат како лидери денес, не како лидери утре

June 15, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Жаку, Преспа Форум Дијалог 2023: Младите треба да се гледаат како лидери денес, не како лидери утре

June 15, 2023 12:17
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

зелеСпецијалниот претставник за млади на претседавачот со ОБСЕ, Мемет Жаку ја отвори првата панел дискусија на Преспа форумот за дијалог насловена: „Младинско учество во енергетската транзиција кон зелена економија предводена од млади кон постигнување одржлива иднина за сите“.

Жаку нагласи дека младите имаат единствена позиција во обликувањето на светот во кој би сакале да живееме. „Младите не треба да се гледаат како лидери утре, туку како лидери на денешнината. Ние младите имаме една уникатна позиција да го обликуваме светот во којшто живееме, промовирајќи ги вредностите за мир, безбедност, правда и еднаквост на нашиот глас. Нашата организација има силен фокус и пристап кон улогата и значењето на младите. Како Претседателство, правиме сè од себе да ги вклучиме и интегрираме младинските перспективи во нашата агенда на сите нивоа”, рече Жаку.

Христина Оџаклиеска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, во своето обраќање стави акцент врз зелената транзиција што се случува денес и врз промените.

„Мора да ги поддржиме младите, да ги вклучиме во зелените процеси преку поддршка на иновативни идеи и креирање на одржливи решенија, бидејќи тие се двигатели на промените. Мора да им дадеме шанса да се вклучат во зелените индустрии, истражувачките процеси, и да обезбедиме платформа за регионална соработка и споделување на најдобрите практики, вештини и одржливи промени за обединета транзиција кон зелена енергија и зелена економија на пат кон ЕУ. Денес, сите заедно ја создаваме нашата зелена иднина”, истакна Оџаклиеска.

За предизвиците на младите денеска и нивно вклучување како носители на одлуки од локално до глобално ниво во панелот придонесоа и Лариса Лојиќ, Насер Бислими, Мелани Јаиндл, Владимир Костовски и модераторот Бојан Петровски.

Tags: 2023Преспа Форум Дијалог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ