• Latest

27 април низ вековите

April 27, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

27 април низ вековите

April 27, 2018 07:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски физичар и сликар. Во 1837 година го открил телеграфот. Умрел во 1872 година.

1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар, обвинет за диктаторски амбиции, поднесол оставка на функцијата претседател на Колумбија.

1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, Кочанско, во борба против османлиската војска загинал Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. Роден бил во Крушево, во 1877 година.

1915.- Умрел Александар Николаевич Скрјабин, руски композитор и пијанист, предвесник на експресионизмот. Во последната фаза од неговото творештво се чувствувала мистичната концепција („Божествена поема“, „Прометеј“). Компонирал оркестарски композиции, прелудиуми за клавир, сонати и друго. Роден е на 6 јануари 1872 година.

1922.- Роден е Тале Огненовски, македонски музичар и композитор, најпознат како кларинетист, но свирел и на гајда, зурла и тапан. Бил еден од најзначајните ликови во македонската народна музика. Македонските ора на Огненовски се изведувани во Швајцарија, Франција, Шведска, Финска, Велика Британија, Данска, Австрија. Со ансамблот „Танец“ настапувал на најпознатите концертни сцени во Северна Америка и во Европа со фантастичен успех. Тале Огненовски има компонирано и аранжирано 150 македонски ора, џез-композиции, еден класичен концерт итн. Починал на 19 јуни 2012 година.

1945.- Италијанските партизани го фатиле злогласниот Бенито Мусолини, кој се обидел да побегне од земјата. Набрзо, потоа, како еден од виновниците за Втората светска војна и за безбројните злосторства, бил стрелан (28 април 1945 година).

1952. – Роден е Горан Стефановски, македонски драмски писател. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Живее и работи во Лондон. За своите дела е носите на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“ (двапати), дан Чернодрински“ (шестпати) и други. Најзначајни дела: „Диво месо“,  „Лет во место“, „Хај-Фај“,„Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“.

1956.- Американскиот боксер во тешка категорија со италијанско потекло Роки Марчано се повлекол од рингот како непоразен светски боксерски шампион.

1960.- Прогласена била независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.

1961.- Прогласена била независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.

1983.- Во Скопје умре Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. Роден е во Ресен, на 27 мај 1912 година.

1992.- Понеделник, вториот ден на православниот празник Велигден, првпат бил прогласен за неработен ден во Република Македонија.

1993.- Еритреја стекнала независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласале за независност.

1993.- Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнале во Сингапур.

1995.- Во Скопје умрел Цветко Мартиновски, македонски писател, преведувач и новинар. Негови најпознати книги раскази се „Луњинци“, „Квечерини и разденувања“ и „Пријатели“. Роден бил во Скопје, на 25 март 1930 година.

2012.- Во својот дом во Скопје, ненадејно починала македонската писателка Светлана Христова Јоциќ. Работела како новинар на Радио Скопје. Во Друштвото на писателите на Македонија членувала и дејствувала повеќе од четири децении, како секретар, претседателка на Друштвото, претседателка на Советот, главна уредничка на ревијата „Стожер“. Ја втемелила Меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“. Авторка е на повеќе од 20 книги и добитничка на наградите „Браќа Миладиновци“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Книжевен жезол“. Светлана Христова Јоциќ била родена на 27 февруари 1941 година во Ресен.

2014.- Починал познатиот португалски поет, раскажувач, есеист, драматург, хроничар и преведувач Васко Граса Моура, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2004 година. Како поет Моура се прославил со книгата „Модус што се менува“, по која следувале, меѓу останатите, и:„Англиска седмица“, „Декември и други песни“, „Рецитативи“, „Инструменти за меланхолијата“, „Концерт во поле“, „Семејни сонети“, „Песни со личност“, „Тестамент на вгм“… Васко Граса Моура превел и голем број светски автори, меѓу кои Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Данте Алигиери… За преводот на „Божествената комедија“ ја добил наградата „Песоа“ во 1995 година. Моура бил роден во Порто на 3 јануари 1942 година.


Извор: МИА

Tags: 27 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ