• Latest

27 ноември: Нема свикување по распуштање на Парламентот, административците во акција за чистење, РСМ со спасувачки тимови во Албанија…

November 27, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 ноември: Нема свикување по распуштање на Парламентот, административците во акција за чистење, РСМ со спасувачки тимови во Албанија…

November 27, 2019 16:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Џафери останува на ставот дека Парламентот не може да се свика откако ќе биде распуштен

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како што посочи на денешната средба со новинарите, најновите информации говорат дека во Шпанија Владата би можела да биде формирана во наредниот период, а протоколот за членство на земјава во НАТО да биде ратификуван во јануари. Тоа, потенцира Џафери, остава простор во протоколот да биде ратификуван во Собранието на Република Северна Македонија пред биде распуштено заради одржување на изборите.

Распуштен Парламент, вели, не може да се свика без оглед што мандатот на пратениците трае до избор на нови. По распуштањето, потенцира Џафери, не може и не би требало да се врати назад затоа што со Устав е пропишано во случај на потреба кој ги има надлежностите, а тоа е претседателот на државата до избор на нов парламентарен состав.

Тимови од земјава работат на комплексни задачи во спасувачките акции во Албанија

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно со одлуката на Владата, се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти. Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Советот на Град Скопје, пак, на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари.

Исто така, Црвениот крст на Република Северна Македонија ја испрати првата хуманитарна помош во материјални добра во вредност од 20.000 евра и 10.000 евра парични средства во Албанија и таа веќе раните утрински часови веќе присигнала во градот Драч.

Фетаи: Ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги

„Предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во фаза на истрага кои беа преземени од редовното обвинителство седат во кутии и поради тоа некои осомничени лица за измами и злоупотреби место да бидат на обвинителна клупа во судница, тие делат правни совети како треба да се води истрага за надоместоците во СЈО“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на судското рочиште за „Монструм“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Почувствуван земјотрес во Скопје со епицентарот во Грција во 08:23 часот наутро

Во Албанија денеска е прогласен Ден на жалост поради жртвите во серијата земјотреси во кои загинаа најмалку 29 лица, а повеќе од 600 се повредени. Знамињата на сите институции во Албанија утре ќе бидат спуштени на половина копје, а училиштата ќе бидат затворени

Министерството за финансии најави дека ќе се обезбедат средства за пречистителната станица за отпадните води од Скопје

На 14 декември голема акција за чистење, администрацијата ќе го одработи 2 јануари

Премиерот Зоран Заев во Сараево ќе ја прими меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“ и признанието „Во потрага по пријател“

МИСЛА

„На еден парадоксален начин, денеска е задоволство кога слушаме здодевни интервјуа по медиумите со Никола Димитров или со Бујар Османи, дури без разлика и на трилерот на толкувањето во „кристална топка“ на француската импровизација од политика кон Западниот Балкан“, за добро утро со Сашо Орданоски или „Надворешнополитичко зевање“

Биљана Јордановска

во соработка со Дијана Тахири, Маја Ивановска, Петар Клинчарски и Сашо Орданоски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ