• Latest

29 мај: На чекор до ЕУ, попис на населението, случај Груевски, нови „бомби“…

May 29, 2019

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 мај: На чекор до ЕУ, попис на населението, случај Груевски, нови „бомби“…

May 29, 2019 16:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапни преговори за Северна Македонија во ЕУ

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска соопшти дека Европската комисија му препорача на Советот на министри да отпочне пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија. Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, изјави дека не се работи  само за вообичаен извештај за напредокот, туку и извештај за исполнетите услови поставени од државите членки на ЕУ во јуни лани.

Федерика Могерини за време на прес-конференцијата по објавување на извештаите за напредок на земјите од западен Балкан, нагласи дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ. Она што следува, според Могерини, е ЕУ да го исполни својот дел.

„Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел. Дискусиите сега се во земјите – членки, дали тие се подготвени за отпочнување на преговорит. Тоа е комплициран процес“, рече Могерини.

Попис

По усвојувањето на предлог-законот за попис со кој е предвидено идната година од 1 до 21 април со буџет од 8 ипол милиони евра да се попишат граѓаните, домаќинствата и становите, на владина седница, Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика изјави дека се предвидува државата да биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција да учествуваат 6.000 попишувачи. Пописот ќе се реализира по високи стандарди што ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба. Софтверското решение што ќе биде изготвено, ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира два пати. Во пракса, ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување.

Луѓето што се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.

Случај Груевски

Со 5 гласа за, ниеден против и без воздржани комисијата за мандатно имунитетни прашања изгласа да му предложи на Собранието пратеничкиот мандат на Никола Груевски да му биде одземен. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани. Предлогот треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски. За тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство.

„Бомби“

На социјалната мрежа Фејсбук, во последните 12 часа, се појавија нови осум аудио снимки, на профил на Фејсбук именуван како „El Cheka“. Дел од нив се повторуваат, па практично станува збор за шест „бомби“. Бомбите се на албански јазик, освен една која е на македонски јазик и за која објавувачот тврди дека е помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи и ексдиректорот на УБК, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

Социјална сигурност

Со Законот за социјална сигурност на стари лица којшто е дел социјалната реформа и веќе стапи на сила, социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција. Месечниот надоместок за овие лица изнесува околу 6.000 денари, а се очекува правото да го искористат околу 6.000 граѓани и граѓанки. Право на надоместокот за социјална сигурност имаат сите лица коишто се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години, и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување.

Меѓународен ден за заштита на правата на детето

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, вo сабота ќе се одржи традиционалниот Меѓународен добротворен базар, во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC  и во соработка со 27 амбасади и меѓународни организаци во нашата држава. Базарот ќе се одржи вo сабота во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, со почеток во 11 часот.

ЦИВИЛ го помести датумот за доделување награди за граѓанско новинарство

ЦИВИЛ го помести датумот за доделување награди за граѓанско новинарство на 5 јуни (среда), поради згуснување на агендата со активности. Со повеќе детали за активностите и настаните што се предвидуваат идната недела ќе се појават со соопштение во текот на утрешниот ден, јавуваат од ЦИВИЛ.

Б. Јордановска

Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ