• Latest

30 август: Колевски на чело на Совет на јавни обвинители, рејтинг, де факто-НАТО, СОНК…

August 30, 2019

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 август: Колевски на чело на Совет на јавни обвинители, рејтинг, де факто-НАТО, СОНК…

Избран новиот претседател на Совет на јавни обивнители, ТИМ Институт: СДСМ со подобар рејтинг и поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛни активности...

August 30, 2019 17:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Избран новиот претседател на Совет на јавни обивнители

Членовите на Советот на јавни обвинители, зад затворени врати, денеска едногласно го изгласаа Аце Колевски за нов претседател на Советот. Колевски е обивнител од 1997 година, а член на Советот од минатата година. Една од првите задачи на советот предводен од Колевски е постапката за разрешување на Катица Јанева која ја започна уште вчера. Колевски, денеска оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција.

ТИМ Институт: СДСМ со подобар рејтинг и поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ

На наредните избори ќе победи коалицијата на СДСМ, одговориле 26,6 отсто од испитаниците во анкетата на ТИМ Институт, што од 10 до 20 јули на примерок од 1.024 испитаници ја спровел за потребите на владејачката партија. Во победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ верувале 23,9 отсто од испитаниците, а 5,1 отсто својата доверба и ја дале на ДУИ. Околу 40 отсто испитаници не посочиле свој фаворит за следните избори.

За СДСМ би гласале 24,4 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 21,1 отсто. На следните избори ДУИ би добила доверба од 5,6 отсто од избирачите. Повеќе од 43 отсто од испитаниците рекле дека нема да гласаат, уште не одлучиле или одбиле да одговорат, се дел од резултатите во истражувањето.

Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО

„Членството во НАТО е прашање на недели и никој нема дилеми дека земјава функционира како де факто членка на Алијансата. Ја добивме поканата, многу брзо и успешно го завршивме процесот на преговори, и ниту една земја-членка не отвори ниту едно спорно прашање за ратификација на протоколите“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на потпишувањето на договорите со питомците за стручно оспособување и усовршување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Шекеринска посочи дека процесот на ратификации на Протоколот за членство на земјава во НАТО течеше неочекувано и многу брзо, што, според неа, е реткост за која било земја.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерот Никола Димитров учествуваше на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки и земјите-кандидати за ЕУ

Поранешните работници на „Охис“ денеска повторно излегоа на улиците во Скопје каде бараат да им се исплатат 24 заостанати плати, обврска уште од 2008, 2012 и 2013 година.

Судењето за уривањето на комплексот Космос „ТНТ“ на СЈО продолжува со сослушување на сведоци предложени од одбраната, откако судечкиот совет го отфрли барањето на одбраната за одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

ЦИВИЛни активности

Македонија ќе биде мала Швајцарија ако функционерите работат како што треба, одговори еден од анкетираните граѓанки и граѓани во Старата скопска чаршија кои одговараа на прашањето Каква иднина имаме, црна или зелена. Анкетата беше дел од прокетот „Зелена иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих бел од Сараево.

Иницијативата #КрајЗаРасипништвото која ја покрена ЦИВИЛ, со барање сите привилегии на функционерите, именувани или избрани на локално и централно ниво да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот, завршува на 7 септември, но ЦИВИЛ ќе ја продолжи иницијативата во интензивирана комуникација со јавноста и со институциите.

МИСЛА

СОНК е Голијат, Давид носи пелени

Како СОНК дејстуваше во последните 10 години? СОНК беше репрезентативен синдикат кога екстерното оценување овозможи да се прават списоци со казнети наставници, затоа што нивните оценки не се совпаднале со а-б-ц-квизот – уникат на светско ниво. СОНК беше тука кога се донесе Законот за заменски наставници кој верувам дека се коси со уставното право на штрајк, пишува Влатко Секулоски, наставник по англиски јазик во ООУ „Пецо Даскалот“ во Долнени.

Кому му треба штрајк на наставниците?

Што се случува со најавениот штрајк? Ова е илустрација за манипулациите со работничките права, а не за борба за повисоки плати. Како тоа? СОНК потпиша колективен договор со министерот за образование, Арбер Адеми, според кој бруто минималната плата во образованието е 13.000 денари, во услови кога во државата, нето минималната плата е 12.000 денари, односно бруто платата е околу 17.000 денари, според закон. Чиста манипулација, се надоврзува Џабир Дерала, со својот денешен рафал.

Самсара

Будизмот, кој ќе се обидам да го применам како решение на нашиот проблем на општествена самсара, учи дека треба да се ослободиме од транзицијата, од тие сукцесивни ренесанси за да бидеме мирни со себеси. Еден од начините е скромноста, што речиси секому сурово му недостига, пишува Тања Кармзова -Костиглиола.

Тендерите се најефикасен инструмент за релаксирање на меѓуетничките односи, поентира за крај на денот Џевдет Хајредини.

Биљана Јордановска

Останати автори: Дехран Муратов, Ангела Петровска, Џевдет Хајредини, Џабир Дерала, Влатко Секулоски, Игор К. Илиевски

Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ