• Latest

30 јули низ вековите

July 30, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

30 јули низ вековите

July 30, 2018 06:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и писател Џорџо Вазари, еден од основачите на историјата на уметноста. Тој насликал многу фрески и слики во римските и фирентинските цркви и палати. Неговите биографии на италијанските уметници од 13 до 16 век се главен извор за проучување на италијанската ренесансна уметност.

1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржало првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнале во 1607 година.

1818.- Родена е англиската писателка со ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Орканските висови“.

1863.- Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесол за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умрел во 1947 година.

1898.- Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски скулптор, главен претставник на апстрактниот правец во европското скулпторство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремел кон синтеза на апстрактните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умрел на 31 август 1986 година.

1914.- Во Париз, убиен бил Жан Жорес, еден од најголемите француски борци за мир. Бил голем државник, новинар и филозофски мислител, еден од водачите на Втората интернационала, човек кој заземал истакнато место во историјата на француското и на меѓународното работничко движење како борец за историските цели на работничката класа. Роден бил на 3 април 1859 година.

1966.- Англија со победата над Германија со резултат 4:2 во финалето на Светското фудбалско првенство, што се одиграло на стадионот „Вембли“, првпат станала светски првак.

1971.- Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштиле на Месечината.

1975.- Во Хелсинки почнала Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствувале државници од 35 земји. Целта на Конференцијата била да се осигури мирот во Европа.

2003.- Последната „буба“, најпопуларнот германски патнички автомобил, се симнала од производствената лента во Мексико – „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години биле произведени во Германија и во други земји, со што завршила историјата на најдолго произведуваниот автомобил. Производството на „фолксваген“ било идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер.

2007.– Умрел Микеланџело Антониони, италијански филмски режисер. Се прославил со филмот „Авантура“. Антониони зад себе оставил 25 филмови. Работел како сценарист за Роберто Роселини, Федерико Фелини и Марсел Карне, за првпат да застане зад камерата во 1942, снимајќи документарни филмови („Луѓе од реката По“). Неговиот филм „Авантура“ бил прогласен за ремек-дело и се смета за еден од десетте најдобри остварувања во историјата на кинематографијата. Во Лос Анџелес во 1996 година му бил даден Оскар за животно дело.

2015.- Во Торонто, Канада, умрел г. Џон Луис Николас, (Лазо) Битов Постариот, познат канадски бизнисмен со македонско потекло. Започнал многу млад како помошник во месарницата на неговиот татко. Потоа го отворил својот прв ресторан кој прераснал во синџир ресторани и сето тоа понатаму довело до уште поуспешни претприемачки потфати, вклучувајќи го и создавањето на најголемата компанија за храна и кетеринг во Канада која ги опслужувала најголемите стадиони, болници и аеродроми. Станал еден од најуспешните бизнисмени со македонско потекло во целиот свет. Донирал средства на многу организации кои биле посветени на помагање на Македонците кои од тоа имаат потреба. Многу цркви биле изградени благодарение на неговата поддршка – црквата на Пресвета Богородица во Кембриџ и Св. Илија во Мисисага, и двете во Канада. Во 1991 тој ја организирал и ја поддржал финансиски меѓународната кампања за признавање на Република Македонија како независна држава од страна на водечките светски сили. Битов ја зачнал идејата дека дијаспората на Македонците треба да има организација што ќе ја водат професионалци, која ќе работи во полза на економскиот развој на Македонија. Ова резултирало со основањето на Форумот „Македонија 2025“ од страна на неговиот син Џон И. Битов (Помладиот), Мајк Зафировски и други видни членови на дијаспората. Организацијата прераснала во најважниот состав на македонски професионалци од целиот свет кои помагаат и денес Македонија да се подобрува и да напреднува на економски план. На Џон Битов му било врачено највисокото граѓанско признание на Канада, „Канадскиот орден“. Во Македонија тој беше почестен со највисокото признание за животно достигнување, за неговата посветеност кон Македонија, од страна на Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов, а тоа е медалот „8 Септември“. (МИА)

Tags: на денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ