• Latest

4 јуни низ вековите

June 4, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

4 јуни низ вековите

June 4, 2018 06:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Француските пронаоѓачи браќата Етјен и Жозеф Монголфје првпат јавно демонстрирале летање со балон полнет со загреан воздух.

1798.- Умрел италијанскиот авантурист Ѓакомо Ѓироламо Казанова де Сеингал, синоним на латински љубовник. Неговите „Мемоари“ претставуваат скапоцена слика на европското општество и епохата во кои живеел.

1867.- Роден е финскиот маршал и државник Карл Густав Емил фон Манерхајм, претседател на Финска од 1944 до 1946 година. Како офицер на руската коњаничка војска учествувал во Руско-јапонската и во Првата светска војна. Од 1917 година ги предводел контрареволуционерните сили во Финска и бил регент на Финска во 1918 и 1919 година. Во текот на Втората светска војна бил врховен командант на финската армија. Утврдената одбранбена линија кон Советскиот Сојуз, изградена пред Втората светска војна по негова замисла е наречена „Манерхајмова линија“.

1878.- Англија го присвоила Кипар. Претседателот на британската влада Бенџамин Дизраели потпишал таен договор со Портата при што Англија се обврзала да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предала на „привремена управа“ островот Кипар – важна стратешка точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дошло неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде што се решавале прашањата на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеле Турција. Англија, подготвувајќи се за Берлинскиот конгрес, настојувала да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.

1903.- Во близина на манастирот „Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров – Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден бил во Струга, во 1869 година.

1916.- Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусиолов почнала првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта била да се пробие австриско-унгарскиот фронт, кој бил успешно завршен до 15 јуни 1916 година. Во пробивот, Австријците загубиле околу 250.000 војници. Притоа руските единици стигнале до Карпатите, а Романија тогаш влегла во војната на страната на Антантата.

1941.- Умрел поранешниот германски цар и пруски крал Фридрих Вилхелм II Виктор Алберт, творец на политиката за продор на исток и предизвикувач на низа воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го и објавувањето војна со Србија во 1914 година, со што започнала и Првата светска војна.

1942.- Почнала четиридневната борба за пацифичките острови Мидвеј, во која Американците им го нанесле првиот посериозен пораз на Јапонците во Втората светска војна.

1943.- Војската го тргнала од власт претседателот на Аргентина Рамон Кастиљо.

1944.- Осмата британска и Петтата американска армија влегле во Рим во Втората светска војна. Иако германскиот командант во Италија фелдмаршалот Алберт Кесерлинг се откажал од одбраната на Рим, сојузничките армии не го искористиле моментот да го продолжат напредувањето и да ги поразат германските трупи.

1946.- Генералот Хуан Перон бил избран првпат за претседател на Аргентина.

1989.- Гасовод покрај транссибирската пруга експлодирал и запалил два патнички воза во кои загинале 575 луѓе.

1996.- Европската ракета „Аријана 5“ експлодирала 40 секунди по лансирањето.

(МИА)

 

Tags: на денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ