• Latest

453 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија

April 24, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

453 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија

April 24, 2018 13:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Сите Сити“, е првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија кој официјално започна да функционира од вчера, а носители на проектот се Граѓанската организација „Ајде Македонија“ со поддршка од Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и агенцијата за маркетинг комуникации „Publicis One“.

Според податоци на Државниот завод за статистика, 453 илјади луѓе во Македонија живеат во сиромаштија и не можат да си ги дозволат сите оброци на ден, со месечни приходи помалку од 6500 денари. Стапката на сиромашни лица, во 2016 година, во земјава изнесувала 21,9 отсто. Од друга страна, илјадници тони на безбедна храна се фрла секојдневно во депониите.

„Станува збор за проект кој има за цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку да се пренамени онаму каде е реално „Сите си ТИ“; каде покрај примарната цел храната да стигне до поединците и семејствата кои не можат да си дозволат повеќе обрoци во текот на денот, исто така се грижиме и сметаме дека е многу важно да ја подигнеме и свеста кај луѓето за важноста за правилно третирање на вишокот храна. За големината на општествената промена зборува фактот што само во подготвителниот период повеќе од 1 тон храна се донираше на повеќе од 3.300 граѓани“, изјави Блаже Јосифовски, Претседател на Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Главните извори од каде ќе се собира вишокот на храна и ќе се пренамени се производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти, пекари и др.
Компаниите кои веќе се вклучија се: „Нелт СТ“, „Рудине“, „Виталиа“, „Јоми Фуд“, „Пекара Перек“ и други.

На настанот се потпиша и Меморандум за соработка меѓу 14 граѓански организации и 5 бизнис претставници кои заедно влегуваат во системот за
донирање на храна.

На крајот на конференцијата, за печат Јосифовски повика: „Ова е само почеток. Се радуваме на сите нови компании кои се бават со производство и дистрибуција на храна кои ќе покажат интерес и добра волја да ни се приклучуваат во овој голем подвиг наречен „Сите сити“. Ова е воедно и повик сите бизниси да се вклучат во спасувањето и донирање на храна за социјално загрозените граѓани“.

А. Петровска

Tags: „Ајде Македонија“вишок хранадонирање хранаДржавен завод за статистикаМакедонијасиромаштија
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ