• Latest

5 април: Дијалог за СЈО, средби, политичка злоупотреба на деца…

April 5, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

5 април: Дијалог за СЈО, средби, политичка злоупотреба на деца…

April 5, 2019 17:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со барања за амнестија нема право и правда во нашата држава 

Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право, правда и казнивост на криминалот во нашата држава“, велат од Министерството за правда.

Според нив, очајничките обиди во Законот да се смести скриена амнестија, дополнително ќе придонесе за продолжување на кривичното гонење и финализирање на судските постапки против сегашни и поранешни функционери на политички партии.

„Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта“, велат од Министерството за правда.

Заев: Има напредок за СЈО

Премиерот Зоран Заев денеска на прашањето кога ќе продолжат разговорите за СЈО и дали има рок до кога ќе се чека поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Заев вели дека разговорите течат и има мал напредок.

„Ќе оставам за тоа да коментираат министерката за правда и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои во моментот разговараат. Помалите опозициски партии како што е Алијансата за Албанците и Беса ги дадоа своите инструкции и дадоа простор да се постигне договор прво со најголемата опозициска партија. Осумте пратеници кои се во новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата исто така дадоа свои правци и инструкции но дадоа простор прво со најголемата опозициска партија. Верувам дека во многу брзо време тоа ќе вроди со плод, и верувам ќе се изнајдат начини тоа да се донесе навремено, за да биде составен дел на извештајот, што се објавува по завршување на изборите за ЕП, но се пишува во почетокот на мај“, изјави Заев.

Димитров на средба со министрите за надворешни работи на НАТО сојузниците

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО. 

„За нас ова е посебен ден, бидејќи станува збор за прв состанок од ваков ранг, на кој, со подеднакво право на дискусија, учествува нашата држава“, изјави Димитров.

При отворањето на работната сесија, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му посака топло добредојде на министерот Димитров и уште еднаш потенцираше дека очекува што е можно побрзо заокружување на ратификациониот процес во сите држави. Ни претставува особено признание и задоволство што сите министри упатија искрени честитки за „заслуженото столче” на масата на сојузниците.

Престојот во Вашингтон беше заокружен со средби со министрите за надворешни работи на Унгарија, Португалија и Полска. Покрај нашето интересирање за ратификацијата на Пристапниот Протокол за НАТО, предмет на разговор беше и поддршката од овие земји за почеток на преговори со ЕУ. Притоа, МНР на Унгарија ја потенцираше нивната јасна позиција за започнување на преговори со Република Северна Македонија без одлагање. Вакви заложби споделија и останатите двајца соговорници на МНР Димитров. Со делегацијата на Полска се разговараше и за можноста за соработка и помош во врска со користењето на ЕУ фондовите

Случај на политичка злоупотреба на децата 

Ниту овој изборен процес, за жал, не изостанува злоупотребата на децата во изборни и политички цели.

Фејсбук страницата Македонија, која има над 30.000 следбеници, покрај повици за бојкот на претстојните претседателски избори, содржини полни со говор на омраза и против Преспанскиот договор, објавува и фотографии од штотуку проодени деца во политички контекст.

Станува збор за фотографија, објавена на 1 април, која најверојатно би требало да претставува маска за денот на шегата, но објавена во овој контекст претставува злоупотреба на децата за политички цели. Дури и да постои согласност од родителот за објавување на фотографијата, ваквата постапка е крајно неприфатлива.

ЦИВИЛ: Стоп за политичка злоупотреба на децата! 

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели. Врз основа на долгорочниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ, се констатираат случаи на злоупотреба на деца и малолетници пред и по почетокот на кампањата за претседателските избори во Република Северна Македонија.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравствена заштита и достоинствени услови за живот.  Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневно политичките случувања.

Изборна хроника

„Вчерашниот ден од изборната кампања помина во знакот на неколку сериозни реакции и горе – долу пристојна дебата на претседателските кандидати, но и со неколку изјави што укажуваат дека допрва ќе има што да слушаме и да гледаме.

Блерим Река, независен кандидат на претседателските избори во Северна Македонија, остави впечаток со неговата реакција во врска со вклучувањето на Имер Селмани, почесен Конзул на Република Албанија во кампањата на Стево Пендаровски. За Река, ова е политичка определба на конзул што би требало да биде исклучен од јавни презентации и поддршки.
„Политичката  злоупотреба на позицијата почесен Конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а исто така, не е чест ниту за граѓаните на оваа земја”, оценува изборниот штаб на Река“, се вели во Изборна географија за европска Северна Македонија. 
А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ