• Latest

Изборна географија за европска Северна Македонија

April 5, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборна географија за европска Северна Македонија

April 5, 2019 16:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Биљана Јордановска
Вчерашниот ден од изборната кампања помина во знакот на неколку сериозни реакции и горе – долу пристојна дебата на претседателските кандидати, но и со неколку изјави што укажуваат дека допрва ќе има што да слушаме и да гледаме.

Блерим Река, независен кандидат на претседателските избори во Северна Македонија, остави впечаток со неговата реакција во врска со вклучувањето на Имер Селмани, почесен Конзул на Република Албанија во кампањата на Стево Пендаровски. За Река, ова е политичка определба на конзул што би требало да биде исклучен од јавни презентации и поддршки.

„Политичката  злоупотреба на позицијата почесен Конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а исто така, не е чест ниту за граѓаните на оваа земја”, оценува изборниот штаб на Река.

Река ќе побара средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, г. Фатос Река, а кажа и дека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.

Што се однесува до неговата изборна кампања, неговите поддржувачи јасно и гласно потенцираа и во Сарај дека тој е најдобриот избор за Албанците и дека треба да се гласа за Река со главата горе, но коректно би било не само Албанците да гласаат за него, туку и Македонците, Ромите…

Професорот, пак, како независен кандидат поддржан од две политички партии, на истата средба предупреди на диктаторските партии што ја празнат земјата, потенцирајќи дека неговата програма е против напуштање на државата и дека без Албанците не се оди во Европа.

Зоран Заев од Велес, шегобијно, го сврти вниманието на себе со изјавата: „Јас сум Зоран Заев од село Муртино, струмичко. Едноставен човек. Некои ме викаат „зајче“. Нема проблем. Викаат едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја „зајченце миличко, зајченце сивичко“. Стево Пендаровски од Свети Николе вети уште едно искористување на потенцијалот на тој регион, земјоделството и сточарството.

Ваквото вметнување на локална тема, во една поширока рамка, ги отвори портите на светот преку кои „заедно напред“ ќе го поминеме прагот. Развој, интеграција, силна економија, стабилизација, сигурен откуп – најважното за земјоделците беа ветувањата на Пендаровски.

Гордана Силјановска Давкова два дена по ред има проблем со географијата. По случајот Неготино -Кавадарци и нивните жители, неготинци и кавадарчани или обратно, заборави и од кој крај потекнува нејзината свекрва. Обидот да се доближи до широките маси преку лични примери помина неуспешно. Уште стои дилемата од Кочани, каде што имаше митинг или од Кичево, на другиот крај од земјата. Или, едноставно, како и за сите останати снаи и за неа свекрвата е лош пример за посочување, особено во изборен контекст.

Уште едно прашање, барем до оние што ѝ ја продале идејата за промотивното видео. Чии гласови треба да лови Силјановска и нели е малку дискриминаторски и во демо-христијанскиот манир на ВМРО-ДПМНЕ првиот допир со жената Силјановска да биде кујната? Или идејата е дека е добра готвачка, па ќе знае како да ја забибери чорбата наречена Северна Македонија, односно Македонија? Па нели е натпартиска кандидатка за претседателка?

Она што ги врзува сите заедно, истовремено гледајќи се очи в очи, е дебатата на телевизија „Телма“ во која изедначено, дури и културно, се држеа секој до својата страна на изборната приказна што допрва ќе ја филуваат, а и скапо ќе ја продаваат до 21 април.

Силјановска се држеше до поништување на Преспанскиот договор, што би се рекло враќање сè на старо затоа што така било подобро, употребувајќи правни изрази што најверојатно само таа ги разбира, употребувајќи добро познати националистички наративи и покажувајќи дека сака да биде само женска варијанта на сегашниот претседател Ѓорѓи Иванов. Со можност да биде уште полоша верзија на веќе познатата македонска политичка трагикомедија.

Пендаровски беше за нијанса подобар, фокусиран да не се лизне на небулозите на професорката, строго придржувајќи се на својата замисла за тоа како треба да изгледа европска Северна Македонија што веќе полека, но сигурно навлегува во НАТО водите.  Политичко соочување со светот за наше добро и просперитет, вели тој.

Блерим Река се потруди да не остане незабележан. Напротив, даде динамика на дебатата, оставајќи ја да балансира во рамките на културна дискусија, без да есклаира во докажување кој е во право меѓу две крајно спротивставени политики на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

И за крај, иако сите се обидуваат да ги заборават, исклучени целосно од изборниот процес, немајќи никакво влијание, тие некако од петни жили, кутрите, се обидуваат да привлечат внимание. „Македонија блокира“ мисли дека тие се опцијата за Македонија.

Изборна кампања со дневно политички препукувања за докажување кој е поголем маж. Макар и да е жена…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ