• Latest

6 март: Уште два нови потврдени случаи на корона вирус, изборни формалности, ветинг…

March 6, 2020

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

6 март: Уште два нови потврдени случаи на корона вирус, изборни формалности, ветинг…

March 6, 2020 18:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Два нови потврдени случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

„Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека ги собираат деталите за пациентите.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Секој има право да приговара, прашањето е како со тие приговори

Настрана приговорите, што со Избирачкиот список? Има фантоми, нема фантоми, колку лица што ќе наполнат 18 години на денот на гласање се во Избирачкиот список, со какви куршуми ќе гаѓа дијаспората, особено најпатриотската, доколку не и се овозможи да гласа?

БЛИЦ: Каде треба да се одржуваат дуелите на политичките лидери?

Македонската радио телевизија им припаѓа на сите граѓанки и граѓани, таа ги има и општествената функција и ресурсите, повеќе од доволно, да биде простор за политички дуели и дебати во изборниот процес.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Деркоски: Нема да има избори во дијаспората ако не се пријават над 6.540 граѓани да гласаат

„Доколку нашите сограѓани од дијаспората сакаат да учестуваат во политичкиот живот на државата, мора да го направат тоа преку активно учество врз изборите, односно треба да се пријават и треба да гласаат, во спротивно нема да можат да се побунат или за некоја ситуација, затоа што не придонесоа со својот глас на овие избори. Се надевам дека ќе се исполни бројката која е законски цензус, односно бројот треба да биде колку пратеникот со најмал број на гласови од минатите избори, а тоа е 6.540 гласови кој ги добил пратеникот во Изборната единица 6. Треба повеќе од оваа бројка да се пријават за да може ДИК да спроведе избори, во спротивно нема да спроведе избори во дијаспората“, рече Оливер Деркоски, претседател на ДИК.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

СДСМ и БЕСА денеска ги утврдија заедничките кандидатски листи.

„Повод за денешната работна средба е операционализација на нашата коалициска соработка согласно потпишаниот договор, а во фокус на програмската понуда за претстојните парламентарни избори. Првата предизборната коалиција меѓу македонска и албанска политичка партија е логично продолжување на сите досегашни политики и заложби за напуштање на концептот на поделби по етничките кампуси за сметка на создавање цврсти темели на новата политичка платформа на СДСМ за градење „едно општество за сите“, изјави Љупчо Николовски генерален секретар на СДСМ.

„Со секое наше ново среќавање сме уште посигурни дека ова е победничка коалиција и ќе даде нов квалитет во односите меѓу поголемите заедници Македонците и Албанците како и другите етнички заедници во нашето општество. И во програмска и во кадровска смисла оваа коалиција пред граѓаните излегува со понуда која е во интерес на сите граѓани“, изјави Арјанит Хоџа, генерален секретар на БЕСА.

*

Владата на Република Северна Македонија на денешната 14. седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.

*

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, особено што кај нас беше најавен во предизборен контекст, нејасно дефиниран и затоа не може да се зборува за резултати од тој процес. Искуствата од регионот укажуваат на потребата од особена внимателност и сеопфатна дебата за процесот на ветинг, додека според експертите подобро решение за нашите околности е проверка на интегритетот и капацитетот преку постоечките институции.

Ова се пораките од дијалогот за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ).

*

Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми се најдоа на агендата на европските пратеници, идната среда на пленарна седница, Европскиот Парламент ќе дебатира за „унгарското мешање“ во медиумите во Словенија и Северна Македонија. Информацијата ја потврди словенечката европратеничка, Ирена Јовева, на својот Твитер денеска.

Во писмен одговор на прашањата на МИА, Јовева објаснува дека сознанијата од словенечкиот веб портал „Нецензурирано.си“ навеле повеќе европратеници да побараат од одговори од Европската Комисија.

„Според документите објавени на порталот, во изминатите години унгарскиот политички врв, преку една од своите банки и помагачи во Словенија водел голема меѓународна политичко-медиумска операција во С. Македонија сѐ со цел да се сруши тамошната влада, како и договорот за зачленување на земјата во НАТО, во оваа операција наводно клучна улога имале унгарските сопственици на медиумите блиски до словенечката партија СДС, кои во тоа време беа финансирани од тие фирми блиски до Виктор Орбан“, објаснува Јовева.

*

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици-претседатели  и  членови на избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со поттикнување, помагање и со извршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност на обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за Референдумот на 30.09.2018 година.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: 

Во тек е повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ

Поради зголемување на обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.

Набљудувачите на ЦИВИЛ, како и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, секогаш имаат можност да станат дел од проектите на ЦИВИЛ, особено проектот „Граѓански објектив“.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Но, вирусов ја наметна потребата за ургентно отворање на дебатата за тоа, во светот на рапидни глобални промени и влијанија, со „пандемии“ од секаков вид, како побрзо да се воведуваат напредните решенија за дигитална едукација, за учење од дистанца, како вештачката интелигенција и другите решенија на модерната технологија да се стават во функција на наставните методи со кои физичкото присуство на младите во образовните институции нема да биде задолжително, од почеток до крај… Со други зборови, има ли место за формално признаено образование во „виртуелната стварност“ на интернет на кој младите, на еден или на друг начин, поминуваат по пет-десет часови дневно?“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Кучињата лаат, вирусот си врви, карванот замина“

Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов и Дијана Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ