Министерството за финансии упати јавен повик до општините кои од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за 8 милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги.
„Со овие 8 милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија“, стои во соопштението на Министерството за финансии.
Само преку овој проект, на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.
Проектот за подобрување на општинските услуги што го спрoведува Министерството за финансии е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.
ЦМ