Во текот на изминатиот ден, руските војници убија осум цивили во регионот на Доњецк, пренесува Укринформ.
„На 28 јули, Русите убија осум цивили во регионот на Доњецк: тројца – во Бахмут, двајца – во Торецк, еден – во Орливка, еден – во Хирник и еден – во Соледар. Уште 19 лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко, Шефот на регионалната воена управа на Доњецк.
Во моментов, според него, е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха.
Подготви: Д,Мишев