• Latest

80 години АВНОЈ: Признавање на македонска нација, национална свест и македонски јазик, придобивки што ги заштивме до денес

November 29, 2023
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

80 години АВНОЈ: Признавање на македонска нација, национална свест и македонски јазик, придобивки што ги заштивме до денес

Од Македонија биле избрани 42 делегати за Второто заседание на АВНОЈ, но поради отежнатите воени услови не успеале да стигнат до Јајце. Без нивно лично присуство, но со нивна мнозинска согласност, Македонија била прогласена за држава, рамноправна конститутивна членка на идната југословенска федерација.

November 29, 2023 12:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Совпаѓањето на денешниот датум 29 ноември, кога во главниот град на суверена Македонија се случува собирот на високите државници на ОБСЕ, точно 80 години по второто заседание на АВНОЈ, укажува на уште една симболична историска победа на нашата држава.

Од оној студен ден кога во Јајце, се создава државата на јужнословенските народи, обединети во цврстата идеја за пркос кон фашизмот сплотени во заедничката федерација во која за прв пат се респектираат сите национални обележја на народите и народностите, се поминати точно 80 години. Низ овие осум децении Македонија помина многу турбулентни политички состојби, оддолеа на многу лукративни внатрешни и надворешни закани, но придобивката од АВНОЈ ја сочува до денес, и е на чекор да ја зацврсти уште еднаш како дел од европското семејство.

Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември во 1943 во градот Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било: Создавање на федеративна Југославија, во која било планирано да живеат јужнословенските народи: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци. На Јосиш Броз Тито му било додадена придавката Маршал на Југославија, додека на кралот Петар II Караѓорѓевиќ му било забрането да се врати во својата земја сè додека за тоа не се одлучи на референдум.

Дваесет и деветти ноември беше најголемиот државен празник во поранешна Социјалистичка, Титова Југославија во чиј состав беше и Република Македонија. Денот 29 Ноември беше славен и како ден на раѓањето на Народна Република Југославија, на местото на кралската држава предводена од Србија. На тој ден во 1943 година, во виорот на Втората светска војна, кога Југославија беше окупирана од Германија, Италија и Бугарија, во босанското гратче со име Јајце се одржа Второто заседание на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ). На него е решено по ослободувањето заеднички, во една држава да живеат народите на Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина и другите што беа малцинства во дотогашната држава.

АВНОЈ е од историско значење за Македонија и за Македонците

На тој собир територијата на Македонија (дотогаш Вардарска Бановина, Јужна Србија) е прогласена за територија што му припаѓа на македонскиот народ, а се признава постоење на македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик. Може да се рече дека преку актите на АВНОЈ на некој начин е спроведена Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година, во која се третира македонското прашање и на Македонците им се признава посебната националност различна од српската и бугарската. Прашањето за посебноста на македонската нација кај Коминтерната може да се следи во континуитет уште од 1932 година, кога него го постави ВМРО (Обединета). Таа резолуција од Москва соопштена пред 90 години, денес се користи од Бугарија како аргумент дека македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната и Сталин.

Од Македонија биле избрани 42 делегати за Второто заседание на АВНОЈ, но поради отежнатите воени услови не успеале да стигнат до Јајце. Без нивно лично присуство, но со нивна мнозинска согласност, Македонија била прогласена за држава, рамноправна конститутивна членка на идната југословенска федерација. Со чинот на прифаќање на одредбите на АВНОЈ, синтетизирани и имплементирани на Првото заседание на АСНОМ, на 2 Август 1944 година за првпат македонскиот народ се поставува на рамноправно рамниште, обединет со другите народи на Југославија со свој законодавен, државотворен орган. АСНОМ значеше реална завршница на ослободителната борба на македонскиот народ и конечна потврда за самобитноста на Македонците, кои го бетонираа својот национален идентитет.

Подготви: А. Василевска/ НоваТВ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ