• Latest

Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025 14:38
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на „Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани. На крајот на март „внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра.

Државните ЈП и фирми „лидери“ според долгот – над 358 милиони евра

Министерствата, општините, јавните претпријатија на централно ниво, државните фирми и јавното здравство за три месеци или во првиот квартал од годинава, во споредба со последниот од минатата ги зголемиле долговите. Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра. Според висината на доспеаните, а неплатени долгови се општинските јавни претпријатија со износ од 111,4 милиони евра, но кај нив има намалување од 2,3 милиони евра.

На трето место со доспеани, а неплатени обврски се општините чиј долг на крајот на март надминаа 63 милиони евра и за три месеци се зголемени за 2,6 милиони евра. На четврто место со неплатен долг од 59,8 милиони евра се Јавните здравствени установи и овие обврски во однос на последниот квартал од лани кога изнесувале 54,3 милиони евра, се зголемени за 5,4 милиони евра. Долгот на буџетските корисници од прва линија (министерства и институции кои се под нивна надлежност) е скоро 16 милиони евра и за три месеци е зголемен за 2,2 милиони евра.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Сумираните податоци покажуваат дека на пример само oпштините и jавните претпријатија формирани и менаџирани од локалните власти, заедно должат дури 174,8 милиони евра.

 

Половина на внатрешниот долг отпаѓа на само 5 државни фирми

Првите пет места на новата „должничка“ листа на Министерството за финансии се „резервирани“ за пет фирми под државна „капа“. На прво место со доспеани, а неплатени обврски во износ од 88,4 милион евра е „Номагас“ АД Скопје, на второ место со долг од 74,5 милион евра е АД МЖ „Транспорт“, на трето место со 59,1 милион евра е државната ЕСМ – електрани, следува ЈП МЖ – инфраструктура со долг од скоро 59 милион евра и на петто место е државната ЕСМ – дистрибуција со доспеани а неплатени обврски на крајот на март во износ од 33,7 милиони евра

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Доспеаниот, а неплатен долг само на овие пет компании менаџирани од државата изнесува 314,7 милиони евра што претставува половина од вкупниот внатрешен долг што го пријавиле сите институции, јавни претпријатија, министерства, агенции, здравство, образование, култура, судство, општини…

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

На крајот на март „внатрешниот“ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и во споредба со последниот квартал од лани, или за три месеци, тој е зголемен за 25,5 милиони евра.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ