Финансиската полиција официално се изјасни дека акцијата во село Љуботен е спроведена под сомнение за криумчарење со акцизна стока и царинска измама. “Очекуваме и бараме соработка и разбирање од граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите, сè во интерес на расчистување на случајот”, се вели во официјалното соопштение.
Од таму не дават повеќе детали, но неофицијално се дознава дела финансиска полиција придружена од МВР бараат илегално увезен тутун од странски држави.
А. З.












