Министерството за труд и социјална политика побара извинување од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, статијата насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“.
„Констатацијата дека министерката Царвоска се „збогатила“ за 1.3 милиони евра во рок од една година е неточна. Иако МТСП навремено и целосно го информираше Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија за имотот на министерката, информациите кои се изнесени од страна на овој медиум се тенденциозни и целосно невистинити.
Како што веќе појасни МТСП, тука воопшто не станува збор за ново стекнат имот, туку надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој министерката не живее во исто домаќинство. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави. Министерката ниту е сопственик, ниту располага со овој имот.
Согласно овие информации, МТСП бара од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и од вашиот медиум да ги повлече лажните информации и јавно да се извини за нивно објавување“, се вели во соопштението до МТСП.
Министерката Царовска на својот Твитер профил напиша дека не се точни информациите изнесени од СКУП и дека се работи за имот на родител.
Ве молам споделете👉Апсолутно е неточен заклучокот дека сум се „збогатила“ за една година. Се работи за имот на родител, кој не го поседувам и го пријавив иако немам законска обврска. Барам извинување од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија:https://t.co/L7o3QXezkn
— Mila Carovska (@mila_carovska) June 24, 2019
„Ве молам споделете. Апсолутно е неточен заклучокот дека сум се „збогатила“ за една година. Се работи за имот на родител, кој не го поседувам и го пријавив иако немам законска обврска. Барам извинување од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија“, напиша министерката.
Одговор пристигна и од уредникот на СКУП, Џелал Незири, на неговиот твитер профил.
Реакцијата за насловот е карактеристика на политичари со диктаторски амбиции. Ако барате да ги одредите насловите на текстовите на @SCOOPMacedonia, тогаш бујрум ќе ве вработиме како уредник. Но да знаете дека примањата се далеку помалку од министерските. https://t.co/gl6EvbX4tb
— Xhelal Neziri (@Xhelal_Neziri) June 25, 2019
„Реакцијата за насловот е карактеристика на политичари со диктаторски амбиции. Ако барате да ги одредите насловите на текстовите на @SCOOPMacedonia, тогаш бујрум ќе ве вработиме како уредник. Но да знаете дека примањата се далеку помалку од министерските“, одговори Незири.












