Министерството за правда сѐ уште чека на предлогот за нов закон за Специјалното јавно обвинителство најавен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Министерството за правда ќе прифати само подобрувања на законските решенија, но не и ако тој содржи било какви индикации за амнестија.
ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, вели дека законот за СЈО ќе биде и во сооднос со европското право и препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права.
Спорот меѓу опозицијата и Министерството се води околу член 105 од законот кој предвидува регулација на постапките на доказите од прислушуваните разговори. ВМРО – ДПМНЕ бара укинување на истрагите на на СЈО по 30 јуни 2017 година.












