• Latest

ОЈО со обвиненија против седум лица за сообраќајната несреќа кај Ласкарци

July 1, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОЈО со обвиненија против седум лица за сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Обвинителите утврдиле и дека во „Дурмо Турс“ не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски

July 1, 2019 16:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството, јавува МЕТА.

За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“, како и за тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на истиот газда, е побарано домашниот притвор да се замени со затворски притвор.

ОЈО Скопје извести дека сопственикот на компанијата, кој имал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, не организирал ниту трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата. Според обвинителството, тој раководењето со возниот парк го препуштил на вториот обвинет, кој немал сертификат.

Обвинителите утврдиле и дека во „Дурмо Турс“ не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски.

Системот за сопирање не бил исправен, но и покрај тоа, техничкиот преглед во сопственост на газдата на превозникот го прогласувал возилото за исправно. Но автобусот подолго време бил неисправен, а сето тоа „поминало“ во станицата за технички преглед во сопственост на газдата на „Дурмо Турс“, утврдиле обвинителите.

Дополнително, кривични пријави добија и тројца вработени во станицата за технички преглед, кои на 2 јули минатата година при редовен периодичен шестмесечен технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32 отсто, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората погонска оска, но сепак свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно.

Како што соопштува МЕТА, обвинение има и за возачот на автобусот, кој се товари дека пред несреќата, возел со недозволена брзина од 99 км/час.

ОЈО, во врска со истиот настан, денеска поднесе и Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека како одговорно лице во правното лице задолжено да врши проверка и контрола над работата на тахографот во автобусот, иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација на апаратот, издал потврда и пополнил налепница со која се тврди дека тахографот е исправен.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ