Според спогодбата меѓу шефовите на дипломатиите Генц Цакај – Република Албанија и Беџет Пацоли – Република Косово, што се потпиша во Тирана, се предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва.
Овластениот министер за Европа и министер а надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, изјави дека во спогодбата е зацртана и заедничката стратегија во областа на надворешната политика Спогодбата, која се заснoва на четири столба и таа е во служба на заедничкиот интерес на меѓународната сцена.
Четирите столба се: политика, дипломатија, професионалност на вработените и дипломатската култура. Меѓу другото од политички аспект Република Албанија се обврзува за конкретна презентација, заштита и афирмација на политичките ставови на Република Косово во сите случаи кога неговото присуство и афирмација на политичките ставови е неможно од објективни причини. Уште повеќе, Албанија ќе презема посебна кампања во функција на зајакнување на државноста на Косово на меѓународно ниво, рече Цакај. Спогодбата, според двајцата министри, отвора ново поглавје во областа на надворешната политика меѓу Албанија и Косово.