• Latest

43 милиони евра, охрабрувања и реформи како приоритет

July 6, 2019

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

43 милиони евра, охрабрувања и реформи како приоритет

Од Финалните заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ

July 6, 2019 10:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на вчерашниот Самит за Западен Балкан кој се одржи во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, порача дека се враќа со поголеми гаранции во однос на добивањето датум за преговори, како и со грант од 43 милиони за три значајни инфраструктурни проекти.

Тој по вчерашната билатерална средба со францускиот премиер, Едуар Филип, рече дека е уверен оти сите напори кои Северна Македонија до сега ги вложила за добивање на датумот, како договорот со Грција, реформите во клучните области и заложбите за еднакво општество за сите ќе донесат резултати кои Франција ќе ги препознае. 

 

„Дефинитивно впечатоците кај сите земји членки се неспорни, односно ние ги исполнивме сите услови, Преспанскиот договот гледате дека е тема на секоја прес конференција, на секој состанок се почнува со примерот од Преспанскиот договор, договорот со Бугарија исто така, сето тоа што дома е направено, вклучително и дијалогот со опозицијата, можам да кажам дека се нотирани како успеси преку кои не може да се помине“, изјави премиерот Заев вчера во Познањ и додаде дека резервите кои постојат кај одредени земји членки на ЕУ се однесуваат на зачленувањето во ЕУ.

Според него заклучокот од овој Самит е дека гаранцијата е уште поголема, алудирајќи на отворањето преговори наесен, но и дека се очекува од Северна Македонија да продолжи да работи на реформите во текот на летото и сѐ до носењето на одлуката.

Франција која е земја со најголеми резерви кон процесот на проширување не беше застапена на највисоко ниво на вчерашниот самит.

 

Запрашан дали францускиот премиер на состанокот инсистирал на некои специфични услови за да даде зелено светло наесен, како СЈО, тој рече дека земјите членки на ЕУ се водат од извештајот на Европската Комисија.

Заев апелираше да се реши статусот на СЈО и изрази верување дека ќе се покаже “доволно флексибилност без да се наруши правниот аспект на самиот процес„.

„Ако можеме час поскоро тоа да го решиме, би било добро, ќе отвориме иницијативи деновиве но да продолжиме и со реформите во правосудството, мора да продолжиме, сега имплементацијата на законите што ги донесовме, да ја зголемиме транспарентноста, критичкиот осврт на медиумите кон власта, за да се доживеат реформите уште подобро, но и на реформата на јавната администрацијата, безбедносните служби, борбата против корупцијата“, посочи тој.

Премиерот Заев порача дека овој состанок го напушта „уште поголем оптимист“ за датум во октомври.

Сличен оптимизам сподели и германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната прес-конференција во Познањ.

 

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали врши притисок врз скептичната Франција за зелено светло за преговори, Меркел порача дека Европската Унија и процесот на одлучување во неа не функционира со притисоци, но дека со оптимизам гледа кон есента, кога најдоцна треба да се донесе одлуката, два пати одложувана, за старт на пристапните преговори.

Германската канцеларка истакна и дека не се согласува со францускиот претседател, Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ и нејзиното продлабочување не можат да се одвиваат паралелно.

„Се согласувам дека треба да се подобри ЕУ одвнатре, но тоа не е причина да не се започнат пристапните преговори, тоа само по себе не е контрадикторно“, изјави Меркел на прес – конференцијата по средбата на лидерите на ЕУ и на Западниот Балкан на самитот во Познањ.

Освен политичките охрабрувања, премиерот Заев најави и важен грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан во износ од околу 43 милиони евра за три проекти.

Едниот, во износ од 13 милиони евра, е интерконекторот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија за снабдување со природен гас.

Вториот проект, од околу три милиони евра се доделени за изградба на заедничкиот железнички граничен премин и патен пристап на Табановце на границата меѓу Република Србија и Република Северна Македонија.

И третиот се однесува на 28 милиони евра доделени на Македонија за изградба на автопатот А4, отсек БЦ „Блаце“- Скопје.

Освен грантот, премиерот рече дека е почестен што идната година Северна Македонија ќе биде ко-претседавач на шестиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, заедно со Бугарија. За прв пат ваков самит ќе биде организиран од страна на земја членка на ЕУ заедно со земја кандидат за членство во ЕУ. 

Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ