• Latest

Премиум Деливери, прво напредно решение за експресна достава на пратки во Скопје

July 7, 2019

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Премиум Деливери, прво напредно решение за експресна достава на пратки во Скопје

Премиум Деливери на пазарот на услуги за достава може да одговори на потребата на корисниците, да го обезбеди она што им треба на корисниците, што е можно поскоро или тогаш кога тоа им е потребно, на начин што им одговара

July 7, 2019 14:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на идејата за инвестирање во напредно (smart) решение за експресна достава на пратки е резултат на анализа на пазарните трендови во сегментот на достава на пратки кои се предмет на е-трговијата и на истражувањето на потребите на корисниците за услуги за достава во Северна Македонија и во светот. На тоа се темели и решението да се формира нов бизнис бренд – Премиум деливери.

Вкупниот обем на приходи остварени од е-трговија на глобално ниво, изнесувал 2,8 илјади милијарди евра во 2018 година, бележејќи просечен годишен пораст од преку 20% во изминатите години. Се очекува дека ваквиот тренд ќе даде значителен поттик на B2C пазарниот сегмент за достава на пратки на што се фокусира и новиот македонски сервис за достава. Овој сегмент на пакетска и експрес достава е најдинамичниот сегмент за достава на пратки од е-трговијата и бележи раст од 14,3% во обем на пратки и преку 10% во приходи, со вкупен приход преку девет милијарди евра во глобални рамки.

Анализите на е-трговијата во земјава покажуваат дека овој сегмент бележи исклучителни стапки на пораст. Во текот на 2018 година се бележат 406.000 онлајн-купувачи во земјава, што е пораст од 62% во споредба со 2017 од кои повеќе од половината 52,3% купувале од домашни он-лајн продавници.

Проблемот на „последната милја“, едноставно кажано, е главното прашање за компаниите, особено за оние имаат потреба од испорака од големите складишни центри до потрошувачите во сегментот на е-трговијата. Ова е фундаментален проблем, бидејќи е потребно да се изнајде решение што треба да ја подобри ефикасноста на целокупниот процес на испорака. Додека глобалниот логистички систем е способен за транспорт на големи количини на стоки на огромни растојанија ширум светот, т.н. „последна милја“ или достава до домот на купувачот претставува голем проблем.

Позиционирајќи се токму во сегментот на експресна достава и достава на пратки во ист ден (express delivery and same day delivery), во компанијата сметаат дека инвестираат во пазарен сегмент со огромен потенцијал и неограничени можности за соработка со речиси сите деловни субјекти, со оглед на тоа дека доставата на пратки го претставува ’рбетот и крвотокот на економијата преку кој се мери ефикасноста на една економија.

„Од друга страна, анализата на потребите на корисниците во Македонија ни даде дополнителен поттик за инвестиција со оглед на тоа дека во недостаток на слично решение може да кажеме дека Премиум Деливери во моментов го има единственото решение за достава на пратки кое овозможува услуга по нарачка, со можност за геолокациско поврзување на местото за подигање и достава на пратката со најблискиот доставувач и при тоа корисничката апликација прилагодена за веб и паметни преносливи уреди, овозможува визуелно следење на целиот процес на достава во реално време“ – велат во Премиум Деливери.

Мобилните апликации и веб сервисот на Премиум Деливери, исто така, овозможува безбедност на пратките и можност за избор на дополнителни услуги како што се: осигурување на пратки, однапред дефинирано време за подигање и достава на пратките, достава на документи за потврда на успешна испорака и употреба на сигурносни кодови коишто спречуваат злоупотреби.

Премиум Деливери се појавува со решение базирано на мобилна апликација и веб сервис кој што нуди On-demand услуга за достава на пратки користејќи напредна технологија и софтвер за геолокациско поврзување на точките за подигање и достава на пратките како и можност за следење на самиот процес на достава, на мобилните уреди и на исраќачот и на примачот.

Истовремено, Премиум Деливери користи уникатни софтверски алгоритми за оптимизација на рутите за достава и менаџмент со пратките, а при доставата користи велосипеди, што претставува еколошко и одржливо решение кое заштедува време, пари и воедно не ја загадува животната средина.

Премиум Деливери на пазарот на услуги за достава може да одговори на потребата на корисниците, да го обезбеди она што им треба на корисниците, што е можно поскоро или тогаш кога тоа им е потребно, на начин што им одговара. Премиум Деливери е решение за потребите на потрошувачите и на продавачите, решение кое може да го револуционизира сегментот на испорака на „последна милја“, но и да придонесе за многу подобри деловни резултати на компаниите кои ќе го користат решението како платформа за достава на своите производи.

Д. Дисоски

Print Friendly, PDF & Email
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ