Потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, денеска на седница ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка.
Мемеди оставката ја поднесе на 26 јуни затоа што не бил консултиран, односно без негова согласност се сменил министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На местото на Фазлиу се најде Горан Милевски од ЛДП. Иако премиерот тврдеше дека НДП имал можност да понуди предог на министер без ресор, како замена, Мемеди не се согласи со ваквото политичко пазарење, како што го нарече, за министерски места.
Мемеди не ја негираше ниту пак ја птоврди и веста дека размислува за повлекување на оставката. Тој до денеска има рок да се изјасни во своето обраќање пред пратениците.












