На вчерашната средба во Загреб на 4-та заедничка Меѓувладина Мешовита Комисија за спроведување на Договорот за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Северна Македонија, се заклучи дека правата на Хрватите во Република Северна Македонија и правата на Македонците во Република Хрватска се повеќе се унапредуваат.
Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од министерот за Дијаспора, Едмонд Адеми којги пофали напорите на Хрватска за подршка на проектите на македонското малцинство.
Делегацијата на хрватската влада ја предводи Звонко Милас, државен секретар на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. Милас ги издвои континуираните напори на владата на Република Северна Македонија во областа на правата на малцинствата, со акцент Хрватите, охрабрувајќи ги да се продолжи понатаму и во иднина.
Состаноците на ММК излегуваат од Договорот на двете држави, потпишана во 2007 година, Сплит, а петтиот состанок ќе се оддржува во Скопје, во 2020 година.












