Премиерот Зоран Заев најави дека смената на дваесетина директори од јавни претпријатија, дирекции, комисии, агенции денеска ќе бидат заменети, но според последните информации во медиумите, смената ќе се одложи на неопределено време.
Како што објавија медиумите, Заев барал дополнително време за одлучување на кадровските промени, но уште нема договор со ДУИ затоа што партијата сè уште ја анализира работата на секој директор.












