• Latest

Платформа против корупција: Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга

July 10, 2019
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Платформа против корупција: Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга

Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата излезе со реакција предупредувајќи дека премиерот Зоран Заев и како в.д. министер за финансии го прекршува законот за спречување на корупција и судир на интереси

July 10, 2019 16:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со мотото „Да не дозволиме една заробена држава да се замени со друга“ Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата упати укажување со кое ги поткрепува посочувањата на јавноста и Државната комисија за спречување на корупција.

„Прво и суштински, Платформата укажува на тоа дека концентрацијата на функции во позицијата претседател на Владата на Република Северна Македонија и Зоран Заев, како носител на таа функција, и привременото извршување, односно раководење со Министерството за финансии, е спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. И покрај привременото вршење на втората функција, сметаме дека обврска на институциите е да се почитува Законот, кој особено ги уредува прашањата каде што одговорноста, а со тоа и авторитетот, не смеат да бидат сконцентрирани во еден центар на моќ, туку преку контрола и баланс, одговорноста треба да се подели меѓу повеќе фактори кои заемно ќе се контролираат. Поделбата на власта е еден од столбовите на Уставот  на Република Северна Македонија, а неговото почитување и почитувањето на законите се основни принципи на доброто управување во либералните демократии.

Истовремено, укажуваме на тоа дека секое поместување на рамнотежата меѓу политичкото и институционалното раководење, може да претставува сериозна пречка за ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал. Така, ситуацијата од скорешното минато, кога (сега поранешен) висок партиски функционер од партијата на власт стана дел од управувачкиот орган во банка што е во косопственост на лица под обвинение од Специјалното јавно обвинителство, може да предизвика и судир на интереси. Ова се однесува и на назначувањето на член на партијата на власт за Директор на Агенцијата за национална безбедност спротивно на член 10 (параграф 1, точка 7). Реформата на безбедносните служби е стожерот на процесот на ослободување на државата и институциите од политичкиот интерес.

Според согледувањата на граѓанското општество, ваквите политички и институционални спреги ја попречуваат борбата со високата корупција и дополнително го оневозможуваат носењето рационални антикорупциски политики засновани на анализи, кои се основна претпоставка за долгорочно и одржливо добро управување. Клучни закони, како што е предлогот за Закон за јавното обвинителство, се заробени во преговарање од позиција на тесни партиски и лични интереси, без да се земе предвид заедничкиот јавен интерес.

Во исто време, граѓанското општество забележува и недостиг на постапување по наодите на повеќе институции, меѓу кои и наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во јавноста се јавуваат и примери на притисоци врз вработените во институциите, кои откриваат повреда на законите, како што е случајот со инспекцискиот наод во високото образование. Платформата повикува на почитување на институциите и на заштита на секоја индивидуа која спроведува постапка за откривање неправилност во работата на институциите, особено кога истата се случува поради лична корист на поединци од власта и лица поврзани со нив.

Во оваа смисла, Платформата потсетува дека недостигот на имплементација на правото е клучниот проблем во борбата против корупцијата, забележан во повеќе извештаи на домашните и меѓународните организации. Надзорот врз институциите е хиерархиски, а одговорноста за непостапувањето на некоја институција се префрла кај оние задолжени за контрола врз истата.

Ги потсетуваме Собранието, Владата, Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, градоначалниците и советите на локалните самоуправи дека покрај нивната лична одговорност, тие се  одговорни и за функционирањето на институциите што се под нивен надзор. За успешна борба против корупцијата треба да се испрати јасна порака до сите фактори под нивна контрола дека борбата ќе биде бескомпромисна, а по наодите за незаконитост соодветно ќе се постапува“, стои во реакцијата на Платформата на граѓански организација за антикорупција.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ