• Latest

24 години од геноцидот во Сребреница

July 11, 2019
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 години од геноцидот во Сребреница

На гробиштата во Поточари денеска ќе се погребаат 33 посмртни останки пронајдени во масовните гробници на Сребреница. Во Скопје денот ќе се одбележи со Марш на слободата што ќе започне во 18 часот во паркот во Чаир

July 11, 2019 10:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 24 годишнината од геноцидот во Сребренца денеска ќе се одржи Марш на слободата со почеток во 18 часот, а ќе започне во паркот во Чаир. Маршот ќе заврши на плоштад Макеоднија каде во 19 часот се очекува прикладна програма во сеќавање на жртвите. На денешното одбележување во Сребреница ќе присуствува и македонска делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери заедно со пратениците Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ. На одбележувањето претседателот Џафери ќе има и пригодно обраќање.

Секоја година Меморијалниот центар Поточари се организира сеќавање на жртвите од геноцидот. Денеска  на гробиштата во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница. Досега се погребани 6.610 жртви, а се трага по уште над 1.000 исчезнати лица во Сребреница.

Меѓународниот трибунал во Хаг, Судот на БиХ и судовите во Србија и Хрватска досега осудиле  47 луѓе,  издадени се четири доживотни пресуди за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница.

Сепак, ОБСЕ во БиХ упати остра осуда кон политичарите во земјата кои во своите изјави го негирале геноциодот во Сребреница. Мисијата на ОБСЕ ќе биде денеска на одбележувањето, предводена од амбасдорот Брус Бертон, шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ.

Мисијата на ОБСЕ во БиХ ги потсети тамошните лидери на Декларацијата за воени злосторства од 2018 година,  потпишана на Самитот на земјите од Западен Балкан во Лондон, во рамки на Берлинскиот процес каде се обврзале на признавање и почитување на пресудите од меѓународните и домашните судови во врска со воени и други меѓународни злосторства, спречување говор на омраза и славење на воените злосторници.

Б. Ј.

Share83Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ