Премиерот Зоран Заев најави дека е време власта и опозицијата на се сретнат на лидерска средба и да разгвоараат барем на три теми пописот, Изборниот законик и Законот за обвинителство.
И покрај изјавите од двете страни за време на викендот на овие теми, сепак, нема конкретна информација кога би се одржала лидерската средба и дали ВМРО-ДПМНЕ е спремна да разговара и за реформи.
Единствените информации што официјално излегоа од ВМРО-ДПМНЕ се дека покана уште нема за лидерска средба и дека тие би прифиатиле доколку се разговра за предвремени избори.












