Премиерот Зоран Заев, денеска на прес конференција ги соопшти имињата на носителите на функции кои се опфатени со „метлата“ најавена уште пред изборите.
Реконструкцијата овојпат опфати 50 директори, членови на управни и надзорни одбори.
Меѓу нив се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, директорот на Државниот архив, Кирил Петров, директорот на Агенцијата за лекови Ќахил Ибраими, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Вулнет Адеми директор на Агенција за странски инвестиции, директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ.
Како што рече Заев, неговите предлози ќе бидат ставени на владината седница која ќе се одржи денеска. Заев им се заблагодари на сите разрешени функционери и додаде дека на некои од овие лица ќе им биде понуден нов ангажман, доколку се заинтересирани.
Премиерот најаву дека од денеска ќе почне именувањето на новите.
М. И.