• Latest

Пировска: Предлог-законот за Јавното обвинителство е донесен преку ноќ

July 26, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пировска: Предлог-законот за Јавното обвинителство е донесен преку ноќ

July 26, 2019 13:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Последното законско решение за Јавното обвинителство, според Блупринт групата за реформи во правосудството е донесено избрзано, без нивна консултација и во договор само меѓу партиите, пренесува МИА. За случајот „Рекет“ сметаат дека според гласините што се шират во јавноста за неговите дејствија, не е во согласност со законот за кривична постапка.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, денеска на прес-конференција рече дека за разлика од претходните нацрт – решенија за Јавното обвинителство, за ова Хелсиншкиот комитет не бил консултиран.

– За последното законско решение не бевме запознати, тоа дојде накако преку ноќ, во летен период, а се предвидува законот да се носи и во скратена постапка. За вакви работи ние минатите годни бурно реагиравме, ваков закон не може да се носи по скратена постапка, ваков закон не треба да биде резултат на политички преговарања помеѓу партиите. Она што за нас е најважно е да се покаже вистинска волја дека оваа Влада ќе се бори против корупцијата. Без оглед на тоа каков закон ќе се донесе, доколку не постои таква волја ние нема да можеме да се справиме со феноменот на неказнивост, феномен кој се провлекува години наназад кој беше главна карактеристика во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Пировска.

Во однос на предметот „Рекет“, Пировска вели дека се отвора простор да се провери дали органите на прогонот сакаат доследно да го истераат до крај.

– Загриживо тоа што во јавноста се шират информации за дејствијата кои се превземаат, а според наше мислење, не во согласност со законот за кривичната постапка, притоа секако дека го загрозува и принципот за презумција на невиност за кој ние многу се залагавме и реагиравме во времето кога се случуваа спектакуларните апсења во времето на владеењето на Груевски, порача Пировска.

Таа нагласи дека Хелсиншкиот комитет ги охрабрува органите на прогонот да продолжат со истрагата, но, и да водат сметка да не изнесуваат информации кои се контрадикторни и притоа предизвикуваат правна несигурност кај граѓаните.

Во однос на последните случувања од истиот предмет на ОЈО, во кој беше споменувана и обвинителката Катица Јанева, Пировска рече дека не смета оти евентуалната инволвираност на специјалната јавна обвинителка треба да го наруши целосно кредибилитетот на институцијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ