• Latest

Кои процеси ги блокираат ВМРО-ДПМНЕ и нивните политички вазали?

July 30, 2019

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Кои процеси ги блокираат ВМРО-ДПМНЕ и нивните политички вазали?

Ова е краток преглед на процесите што се главна мета на политичките диверзии на ВМРО-ДПМНЕ и нивните формални и неформални партнери.

July 30, 2019 16:12
in БЛИЦ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на партиите што, помалку или повеќе очигледно, одработуваат за политичката агенда на оваа партија, во континуитет блокираат извонредно важни процеси во Собранието на РСМ. Ова е преглед на процесите што се главна мета на политичките диверзии на ВМРО-ДПМНЕ и нивните формални и неформални партнери.

Опозициската партија побара да се повлече предлог-законот за попис во текот на комисиската расправа во Собранието на 29 јули. Како што кажа пратеникот Влатко Ѓорчев, предлог законот е штетен и неевропски и не ги исполнува критериумите на ЕУ и Еуростат. Претходно Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ беше категоричен дека  партијата нема да го прифати Законот за попис, таков како што го скроиле СДСМ и ДУИ, а ако власта не ги прифати забелешките ќе ги повика граѓаните на непопишување. Попис нема од 2002 година. Во 2013 година, тогашните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекинаа пописот по бура од политички и етнички тензии, а притоа потрошија и над 13 милиони евра на граѓанките и граѓаните.

Овој процес е важен за да се добие објективна статистичка слика за земјата, но опозицијата го користи како можност за политичка пресметка и разгорување на меѓуетничките тензии.

Илија Димовски ги кочи медиумските реформи. Според СДСМ, тоа кочење е со цел „да ги спаси раководните лица и членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Македонската радио телевизија и Агенцијата за медиумски услуги (АВМУ)“. Без оглед на тоа кои се мотивите, процесот е закочен и одамна излезе од законските рамки. Поточно, истечени се сите законски рокови за да се започне со постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ. Познато е дека луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се на врвните позиции на овие две институции. Во попречувањето на овој процес се приклучи и Беса на Биљал Касами кои во изминатиот период сѐ поочигледно играат координирано со ВМРО-ДПМНЕ.

Овие две институции се важни за професионализирање на медиумскиот простор, слободата на изразувањето и медиумските слободи, како и правото на граѓанките и граѓаните на објективно информирање.

За кочењето на процесот на донесување на законот за јавно обвинителство е веќе познато дека, освен што Мицкоски буквално до вчера одбиваше да дискутира за овој закон, а неговите колеги во Собранието поднесоа амандмани, со надеж дека нивното одбивање ќе биде добра причина да продолжат со блокадата. Но, голем дел од тие амандмани беа прифатени од Министерството за правда, така што блокадата продолжи со критики на сопствените амандмани. Сепак, најуспешен удар против процесот упати ДУИ, преку Талат Џафери кој, во својство на претседател на Собранието, ја закажа седницата по ова прашање дури на 27 август, две недели пред истек на мандатот на СЈО.

Ова е процес што е исклучително важен за враќање на владеењето на правото, што ќе ја донесе долгоочекуваната правда во земјата.

Се разбира, ова е само кратка и строга селекција на политичките потези за блокада на важните процеси што ги прави најголемата опозициска партија и нејзините помали политички вазали во овој период.

Како што објави ЦИВИЛ Медиа претходно, Мицкоски во моментов е во Будимпешта, каде што замина денеска за да добие инструкции за понатамошните чекори од својот шеф, Никола Груевски, а секако да добијат и совети и поддршка од нивниот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Средбите беа замислени како тајни, но потоа партијата призна дека Мицкоски е во Будимпешта и дека ќе се сретне со унгарскиот премиер. Не споменаа ништо за Груевски.

 

Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ