Христијан Мицкоски, формалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е во Будимпешта, на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Можноста Никола Груевски да е дел од состанокот, не е исклучена. Подоцна, Мицкоски, секако ќе има и посебна средба со својот шеф, Груевски, кој го ужива азилот што му го подари Орбан, за да го спаси од правосилна пресуда за затворска казна.
Мицкоски, очигледно, ги исцрпи сите можности за понатамошно, продлабочено блокирање на клучни закони, како што е законот за јавното обвинителство, евроатлантските интеграции, пописот и низа други процеси. Дополнително, високиот американски функционер Филип Рикер, ги засили повиците во кои се свири крај за политичките игри со македонската иднина.
Што ќе му советува Орбан на Мицкоски, а што ќе му нареди партискиот шеф, ќе стане очигледно веќе во првото следно соопштение или потег на партијата во јавноста и во институциите. Во овој политички чувствителен период, јавноста од Мицкоски со право очекува транспарентност и одговорност во процесите, наместо одржување тајни средби надвор од државата.
Џ. Дерала