Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објави видео по повод една година од отворањето на групниот домот во Тимјаник во кој се згрижија деца од Специјалниот завод во Демир Капија.
https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/424484371499827/?t=30
Министерката со ова кратко видео сакаше да го покаже напредокот и прифаќањето на децата од локалното население, со оглед на протестите што претходеа минатата година. Тогаш жителите на Тимајник во страв и паника како ќе влијае присуството на децата со попреченост на нивните деца, со омраза и бурни реакции се обидоа да го спречат отворањето на домот.
Цароска беше упорна и убедена дека солидарноста и хуманоста ќе го надминат недорабирањето.
ЦИВИЛ во тој период излезе и со соопштение во кое јасно прецизираше кои се обврските на надлежните: Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!“
Иако, Тимјаник ќе остане како позитивен пример на МТСП, сепак, уште еднаш може да се постави прашањето: Колку Тимјанчани нè има?, на кое новинарката Маја Ивнановска, ЦИВИЛ Медиа, се обиде да даде одговор, во контекст колку е паметно да се форсираат нештата во средини кои немаат слух, немаат едукација, во едно затворено општество, полно со омраза и фобии…
Б. Јордановска