• Latest

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026 20:53
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Светот е поле за културен натпревар меѓу народите… Oва го читам половина век на споменикот на Гоце Делчев, во мое Ново Село. Што им кажувал на учениците, кога бил даскал овде, не знам, ама сигурен сум дека не ги учел да лажат и да се залажуваат себеси, зaшто од лагата кон другите може и да се куртули, ама нема бегање од лагата кон себе.

Магичноста на самозалажувањето е колективна болест на современото општество. Се залажуваме дека има ефтини кредити и дека е важно да го поминеме добро викендот а за понеделникот ќе му мислиме. Се така тркаламе додека не дојде отплатата на долгот. Тогаш почнуваат кавгите па расправиите па разводите па заминувањата.  Најтешко  ни е да си признаеме дека се е резултат на нашето самозалажување дека без домакинско работење ќе живеме добро.

Економските анализи ни покажуваат дека секоја година ни се потребни повеќе сретства отколку што заработуваме. Тоа и не е многу страшно ако домаќински се води државата и се бара излез од состојбите. Но ние трошиме повеќе отколку што заработуваме и тоа секоја година се повеќе разликата се зголемува. Земаме кредит оставајќи ја за наплата нашата неспособност да ја платат нашите деца. И за тоа не се срамиме туку се фалиме. Буџетот бил во добра кондиција вели премиерот. Па зошто тогаш минатата недела го полневте со кредити, ако е во добра кондиција? Што е умешноста на министерката за финансии ако само балансира меѓу ратите за кредитите и потребните тековни трошоци . Решението било да пластиме кредити врз кредити и  да велиме дека сме во добра кондиција.

Се залажуваме дека имаме институции, а „економски оператори ни фалсификувале сирење“. Еее, сирење да фалсификуваш, а да имаш некакво  бирократско име кое ни господ не може да го разбере. Економски оператор а ваму тоа ти било преварант на пазарот. Се забогатува јазикот наш сиромашен, преку лаги и самолаги.

Лажеме дека градиме институции, а ние всушност залебуваме разни партиски активисти кои на училиште оделе сегментарно и најголем врв на знаењето им е послушноста на некакво  партиско лидерство од разни нивоа. Вистината е дека секогаш  цената мора да се плати и тоа со камата. Што би рекле нашите источни собраќа – ште врнеш тапкано.

Цел живот сум се прашувал – како се чувствуваат оние што донесуваат одлуки а последиците се лоши за сите околу нив? Се прашуваат ли дали  нивните потомци, родители, роднини, кумови поранешни љубови ги трпат последиците. Од кој воздух дишат тие што некогаш биле нивни, а сега се предмет на нивната одлука? Се запрашале ли дали некој нивен јадел од сирењето со палмино масло? Каква салама доручкуваат нивните деца ако скоро во сите се најдени отстапувања од декларациите напишани со мали букви. Не сум сигурен дека и сам би си одговорил, а не да чекам одговор од нив. Сите себичноста нѐ заслепува како болест на личната и колективната етичност.

Со децении зборуваме за падот на високото образование. Венко Андоновски пред еден месец изјави дека се губи и полезноста од студирање, ако резултатат од тој процес е само делење на дипломи. Мудар овој „третина“ новоселец, си велам, иако знам дека искрено даскалот ни порачува дека од нашето самозалажување ќе ја платат цената оние што добиваат дипломи во тутурутки.

Нѐ немало на листата од 2000 универзитети во светот! А искрено – се прашуваме ли на која листа се ставивме самите?  На листата на постојаното трошење на вредностите кои ги наследивме? Наместо вера и верба денес имаме вера во потрошувачкиот систем. Ништо не ни е свето и олтарот на кој се молиме е сопственото лажно задоволство, заверено со слика на ФБ. Лош бил образовниот систем од основно до високо образование! Нема таков систем што нема да го нагризе нашата хипокризија. Не сакаме да си признаеме дека не секое наше дете може да биде успешно во сите сегменти. Кредити земаме да ги плаќаме нивните музички, математички и јазични курсеви. Што тоа нивните учители повеќе знаат кога наместо на редовните часови им предаваат во нивните кујни и дневни соби? Децата со нетрпеливост им се обраќаат на учителите, а ние сакаме да влијаат врз нив. Еее, на детето му овозможувам приватни часови – тоа е веројатно само исправање на комплекси, зашто само пред десет години половина град се ангажираше ти да завршиш средно образование со средна оценка. Ако јас промашив, детето нека има шанса е најчестото оправдување. И кругот на самозалажување продолжува. Фрустрациите се трупаат како задолжувањето на државата на домашен и странски пазар.

Нѐ немало на шангајската листа? А кога нѐ имало, господа министри и инфлунсери? Знаете ли кое беше нивото на потценување пред децении кога се преставуваме дека доаѓаме од скопскиот универзитет? Тие што го поминале тоа се сеќаваат, а оние што не кажуваат, ве лажат.

Некаде кон средината на осумдесетите почнавме да докажуваме дека и ние нешто знаеме, ја кренавме главата. Колку ни требаше да го срушиме тоа што макотрпно се градеше? Кога дозволивме нашиот малограѓански менталитет на аристократија во опинци да биде преовладувачки. Кога никој не ни префрлаше дека место високо образование правиме замена за фрустрации на народ кој само пред 80 години беше во добар процент неписмен. Кога се поставуваат вистинските прашања, одговорите сами се наметуваат. Кој ги разложи универзитетите на составни единици и ги расели по провинциските домови за култура? Кој дозволи отворање на приватни универзитети во кои предаваат – кои? И по кои критериуми доделуваат дипломи?

Мој народе и мои сограѓани… Ова ми личи на вицот за довербата во играњето покер. Кој вели дека немаме образовани кадри? Кога му удривме да се „наобразуваме“  дотеравме до небески висини. Колку сакаш толку доктори имаме, унуверзитетски професори кои и самите знаат дека се ниво на гимназиски професори ама сите комплет се лажиме дека тие се редовни професори на факултет, а си знаеме колку знаат и зошто не се обидуваат своето знаење да го валоризираат таму каде што тоа го прави професорскиот кадар кај оние што ги има на листите. Па нели од Гоце ни останало дека светот е поле за културен натпревар… Го оправдуваме ли тоа, мој народе, или сметаме дека бавчата зад дворот е тоа поле. Ама искрено да си признаеме.

Не се виновни ниту политичарите до крај, иако сета вина на нив ја трупаме. Ние не знаевме дека најголем дел од нив беа лоши ученици и истуденти? Не знаевме дека освен партиски активности немааа докажано дека имаат некаква струка и докажани резулатати? Знаеме, ама лажеме дека некој друг е крив за нашиот избор. Никој не нѐ сака и сите се против нас. И треба да се против нас, браќа и сестри, затоа што ние сме против себеси и зошто тие да не бидат.

Нѐ има ли на некоја листа? Не зависи од листата, туку од нас.

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

Кога вистината е нападната, молкот не е неутрален.
Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, хибридните закани и авторитаризмот.

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ