Италијанскиот весник „Ла Верита“, на својот портал и на Фејсбук страница, утрово објави втор аудио материјал, на кој наводно се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Самиот материјал, со малку повнимателно прегледување, веднаш предизвикува сериозна скепса за веродостојноста на сторијата на овој италијански медиум.
Во недостиг од посериозни докази и изјави од релевантни личности и институции, јавноста се скандализира со овие и ваквите „докази“ во оваа афера.
Во последниот разговор од аудио снимката се слуша женски глас кој вели дека да не се секира Камчев, дека сè ќе биде ок. Весникот тврди дека тоа е гласот на Катица Јанева.