Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор заменикот американски амбасадор, Тим Ричардсон, заради објавување информации за неодобрените протести во Моксва, на 3 август, јавува МИА.
„Министерството за надворешни работи го повика заменик амбасадорот на САД во Москва, Тим Ричардсон. Предадена му е изјава во врска со објавените информации на официјалниот налог на Управата за конзуларни работи на Стејт департментот на Твитер и на сајтот на дипоматската мисија за неодобрениот собир во Москва, на 3 август“, се наведува во соопштението на руското МНР.
Министерството ова го оценува како пропаганда за учествување на митинзите и обид за мешање во внатрешните работи на Русија, пренесуваат руските медиуми.
На сајтот на Амбасадата на САД и на официјалниот налог на Одделението за конзуларни работи на Стејт департментот на Твитер претходно беше објавена шемата на оддржувањето на недозовлениот собир во главниот руски град на 3 август, но истовремено беше и повикано и на избегнување протестно шетање.












