• Latest
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025 10:58
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Милорад Додик

Милорад Додик

Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Српска тече кусата, двонеделна кампања пред изборите за претседател закажани за 23 ноември. Владејачкиот кандидат Синиша Каран уште на старт ја претвори трката во своевиден референдум за мандатот и политиките на Милорад Додик, додека неговиот главен опонент, универзитетскиот професор Бранко Блануша, ветува тивка, непосредна кампања насочена кон секојдневните грижи на граѓаните.

Двонеделната кампања што ѝ претходи на изборната недела во Република Српска започна со јасно поставени наративи од двата блока. Владејачката коалиција, предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), настапи со Синиша Каран – актуелен министер за високо образование и поранешен долгогодишен министер за внатрешни работи, познат по својата лојалност кон Милорад Додик, се наведува во статија на Вечерњи хр. 

„Време е да го потврдиме мандатот што народот му го даде на претседателот Милорад Додик пред три години. Пред нас не се обични избори, туку плебисцит за потврда на народната волја,“ напиша Каран на социјалната мрежа Икс, навестувајќи дека исходот ќе се чита како индиректна мерка на поддршката за Додик.

Од друга страна, опозицискиот блок ги обедини силите зад Бранко Блануша, професор на Електротехничкиот факултет во Бања Лука и политички аутсајдер со амбиција да го разниша долготрајниот статус-кво. „Размислувањето на опозицијата е едноставно: сите мора максимално да се ангажираме за РС да тргне по поинаков пат, во интерес на граѓаните,“ порача тој пред официјалниот старт, најавувајќи кампања што приоритет ќе му даде на „обичниот човек“ и на теми како економијата, стабилноста и корупцијата.

Иако на гласачкото ливчето на 23 ноември ќе се појават вкупно шест имиња, регионалните аналитичари проценуваат дека трката фактички се сведува на дуелот Каран–Блануша. Останатите четворица кандидати, според тие оценки, немаат реални изгледи да се вмешаат во борбата за победа.

Во пресрет на кампањата, Централната изборна комисија на БиХ апелираше до сите субјекти за фер натпревар и воздржаност. „Посебно нагласуваме дека е забрането преку медиумите да се изнесуваат лажни информации што би можеле да го загрозат интегритетот на процесот и да ги дезинформираат избирачите,“ стои во соопштението на СИП, со јасен акцент на намалување на тензии и спречување на дезинформации.

Предвремените избори следат по смената на Милорад Додик од функцијата претседател на РС, врз основа на правосилна пресуда со која е осуден на едногодишна затворска казна за непочитување на одлуките на високиот претставник за БиХ. Со тоа, новиот изборен циклус добива уште една димензија: не е само прашање кој ќе биде наредниот претседател, туку и каква легитимација ќе добие сегашната политичка архитектура во ентитетот.

Како и во многу претходни изборни кругови, ќе се судрат две читaња на реалноста: владејачката рамка на „потврда на народната волја“ и опозициската теза за „исцрпеност од кризи и тензии“. Дали кампањата ќе остане во регистарот на големите симболички теми или ќе се спушти до конкретни ветувања за плати, услуги и владеење на правото – ќе се види во следните две недели.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ