• Latest

Архива: Како договорот за мир стана алатка за профит?

August 13, 2019
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

September 10, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, остануваат уште 5 дена до последниот рок за пријавување

September 10, 2025

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

September 10, 2025

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

September 10, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025
Фото: Твитер

Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина

September 10, 2025

Увидот во Избирачкиот список завршува утре, до 13 септември се доставуваат кандидатските листи за Локалните избори 2025

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Архива: Како договорот за мир стана алатка за профит?

August 13, 2019 17:52
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Архива на ЦИВИЛ: текст објавен на 13 август 2016 година, по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (13 август 2001 година)

Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на војната во Македонија во 2001 година, го потпишаа четирите најголеми политички партии на 13 август. Од тој момент па наваму, договорот за крај на војната и за коренити реформи во државата, најмногу се употребува како алатка во рацете на моќниците за политичко пазарење и надмудрување.

Не за интеграција и почитување на човековите права на малцинствата, за демократија, децентрализација и правична застапеност, туку за одржување на политичката корупција и етничко-верските тензии врз грбот на жртвите од таа војна. Во името на правичната застапеност, се вработуваа и се вработуваат послушни партиски војници. Во името на човековите права и слободи се промовира етно-национализам и се создаваат етнички верски гета. Во името на децентрализацијата, се изврши крајно проблематична територијална поделба која сега им служи на локалните и централните шерифи да шират омраза и поделби.

ЦИВИЛ реагираше на оружениот конфликт уште во текот на првите неколку часа од почетокот на непријателствата и водеше искрена и човечка кампања за мир и помирување до последниот ден, до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред 15 години. На овој ден, нашата екипа го лансираше слоганот Што сега? / Çka tash? Побаравме од власта искрено и доследно да се зафати со промовирање на граѓански вредности и да го демилитаризира општеството. Побаравме од власта да им даде гаранции на сите граѓанки и граѓани дека ќе изгради демократско и мирољубиво општество во кое оружјето нема да биде добредојдено.

Што сега? / Çka tash? – дел од кампањата на ЦИВИЛ во 2001 година, лансирана еден ден по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

И тогаш, но и сега, Охридскиот рамковен договор дава доволно широка рамка да се случи тоа. Го поддржавме и ги промовиравме вредностите кои овој документ потпишан со посредство на меѓународната заедница, го потпишаа четворица партиски лидери.

Во тие денови, бевме убедени дека со овој договор ќе се спаси земјата, но само ако се спроведува доследно. Јас сѐ уште верувам дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор е единица за мерење на политичка волја и искреност на политички актери и носителите на одлуки.

Но, од договор за мир, ова стана договор за одржување на политичката корупција, тензии и злоупотреби на моќта.

Еве еден пример, за кој сум говорел повеќе пати и порано. Согласно со Договорот и законите кои произлегуваат од него, етничките малцинства имаат право на сразмерно учество, правична застапеност, во администрацијата. Што е ситуацијата на теренот?

Оваа миле-ми-текна-влада стана позната по многу нешта, вклучувајќи го и фактот дека е работодавач број еден во земјата. Така, наместо намалување на бројот на вработени во администрацијата и балансирање на бројот на вработените кој ќе ги одразува етничкиот состав на земјата – таа повеќекратно го зголеми тој број. Се разбира, со партиска пешадија. Кога албанскиот коалиционен партнер приговори дека Македонците несразмерно водат во однос на Албанците, Груевски отвори уште повеќе работни места. Но, голем дел од нив, немаат што да прават, па останаа дома, но си примаат плата. Меѓу нив има претставници од сите заедници, но најголем дел од тие што „работат дома“ се Албанци, според скржавите податоци до кои доаѓаме. Што добиваме од ова апсурдна пракса?

„Војната може сериозно да му наштети на вашето здравје“ – антивоен плакат и флаер на ЦИВИЛ, дел од кампањата за мир и помирување, што се спроведуваше од првиот ден на оружениот конфликт во 2001 година (Архива на ЦИВИЛ)

Луѓето се револтирани затоа што има луѓе што седат дома и земаат плата од парите на даночните обврзници. Македонците уште повеќе ги зацврстија своите предрасуди кон Албанците, тврдејќи дека се „паразити“ кои се хранат на нивниот грб. Владејачката партија која вработува и Македонци кои седат дома, што е помалку познат факт, тој сентимент и го негува. Албанскиот коалиционен тендер партнер не се грижи премногу околу тоа, бидејќи продлабочувањето на јазот и тензиите ги одржуваат двајцата партнери на власт. Покрај тоа, на „македонскиот дел од власта“ ѝ тргна од рака сето тоа да го презентира како непријатна обврска што мора да ја исполни, бидејќи Охридскиот рамковен договор “е наметнат“, дека е последица од „непријателското делување на клетите терористи Албанци, поддржани од страна на НАТО ‘зликовците’”. Албанците, пак, повторно не добиваат доволно квалитетни услуги од институциите, во делот кој се однесува на правичната застапеност на заедниците. За помалите етнички заедници и да не говориме (Роми, Турци, Власи, Срби…). Тие се уште помалку застапени. Во секој случај, Албанците, но и сите други, останаа револтирани и онеправдани. Македонците не се помалку онеправдани, иако голем дел од нив не го препознаваат виновникот. Сметаат дека се виновни Албанците, а не гледаат дека сите заедно се во кашата која ја замешаа другарчињата од власта – газдата Груевски и неговиот ортак Ахмети.

Со процесот на децентрализација, една од важните обврски пропишани со Охридскиот рамковен договор, претходната власт започна во 2004 година. Но, тој процес, започнат со очигледна позитивна енергија и политичка волја, на теренот беше спроведен на, благо кажано, сомнителен начин. Како и да е, децентрализацијата, започната и недовршена, сега претежно се заснова на симболи – знаме, јазик, сообраќајни знаци, улици и имиња на училишта. Во суштина, во изминатите десет години земјата доживеа нова централизација проследена со масовна корупција, криминал, злоупотреби и антидемократски начин на владеење.

Дискриминаторската политика и мајоризацијата на највисоки и институционални нивоа продолжија. Меѓуетничките односи се влошуваат според потребите на партиските врхушки. Притоа, се губи секаква трага од граѓанска, мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална Македонија каква што пропишува Охридскиот рамковен договор. Наместо тоа, добивме би-етничка држава која ја водат двајца узурпатори кои меѓусебно се презираат, но добро соработуваат и… заработуваат. Тие го креираат секојдневниот живот на граѓанките и граѓаните и ги заменуваат оние што заминуваат од земјата или прерано умираат со скапи кич споменици и згради и директно го спонзорираат национализмот на сите нивоа, почнувајќи од хулигански банди, завршувајќи со културата, уметноста и образованието.

Тоа е тажната судбина која Охридскиот рамковен договор ја доживува веќе 15 години кој првично беше замислен како основа за мир, интеграција, демократизација и регулирање на основните прашања во земјата. Едноставно, овој основен документ беше и остана алатка за профитирање и задоволување на тесно партиски или лични интереси, а секако и да се злоупотребуваат, манипулираат и изневеруваат очекувањата на граѓанките и граѓаните.

Со сите негови недостатоци, сепак, Охридскиот рамковен договор останува да биде еден од најдобрите документи кои можат да ѝ помогнат на земјата да стане граѓанска и демократска. Тој требаше досега да биде имплементиран и да биде далеку надминат. Од исполнување на стандардите за почитување на колективните права и слободи, сега требаше да бидеме длабоко навлезени во процес на исполнување на стандардите за почитување на индивидуалните права и слободи, социјалната правда, родовите прашања и сè што подразбира едно шаренолико современо општество.

Простете, за миг си дозволив да сонувам. Но, убеден сум дека голем број граѓанки и граѓани на оваа земја сонуваат заедно со мене. И ќе го прекинат кошмарот кој ни го приредува реалноста која ја создаваат узурпаторите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ