• Latest

Обвинителен акт против 20 лица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти

August 15, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвинителен акт против 20 лица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти

August 15, 2019 14:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја спроведува од февруари годинава против 21 лице, надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 20 лица.

„Едно осомничено лице е недостапно за органите на прогонот и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. Деветнаесет лица се товарат дека сториле кривично дело – „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по чл. 418-в и кривично дело -“Криумчарење на мигранти“ по чл.418-б од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето дека со умисла помогнало на организираната група во вршење на кривичното дело Криумчарење мигранти.Во мај минатата година, тројца од обвинетите создале и организирале криминална група за криумчарење мигранти на која се придружиле и останатите обвинети лица“, соопштува Основното јавно обвинителство.

Во периодот од мај 2018 година до февруари 2019 година групата организирала криумчарење на илегални мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и Бангладеш. Организаторите на криминалната група во нашата држава заедно со организатори на криминална група во Р.Грција го договарале бројот на илегалните мигранти што треба да бидат пренесени од Р.Грција на македонска територија, времето и местото на преносот. Тие го определувале бројот и видот на возилата што ќе бидат употребени за прифаќањето и превозот на мигрантите, распоредот односно редоследот на движење на возилaта во двата правци, вршеле поделба на задачите на секој член од групата и го определувале начинот на меѓусебна комуникација.

Мигрантите, најнапред со помош на водичи т.н. “качаци“ како предводници на групата илегално пеш преку т.н. “зелена граница“ биле пренесувани од Р.Грција до договорена локација во околината на Гевгелија, Богданци, Дојран, Струмица и Радовиш. Таму други членови на групата со патнички и товарни моторни возила ги преземале и се упатувале кон кумановско – липковскиот регион. При превезувањето, дел од членовите имале улога на т.н.„чистачи“ и преку „телефонска – конференциска врска“, ги известувале возачите за поставеноста на полициски патроли на рутата по која се движеле возилата и им давале насоки да го сменат правецот на движење кон некоја од претходно извидените попатни локации. Мигрантите биле времено сместувани и засолнувани, во објекти на соработниците на криминалната група во с.Ваксинце и с.Лојане, а потоа преку македонско – српската граница заминувале на територијата на Р.Србија од каде биле криумчарени кон државите на Европската Унија.

Еден од организаторите остварувал контакти и средби со обвинетиот полициски службеник од кој добивал известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, информации дали криминалната група е предмет на истрага, како и насоки за прикривање на криминалното делување. За помошта полицискиот службеник добивал паричен надомест во износ од 200 евра по возило. За криумчарењето преку македонската територија главните организатори наплаќале од 150 евра до 300 евра по лице – илегален мигрант, кои парични средства понатаму биле распоредувани на членовите на криминалната група во зависност од нивната улога во извршениот транспорт.

Воедно со Обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за девет обвинети лица.

Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ