• Latest
фото: Александар Кондев

Национализмот како последна идеологија

September 2, 2019

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Национализмот како последна идеологија

Протестите организирани од дпмнеовската булумента секогаш се одвиваат по ист, востановен азимут: епско димензионирани проблеми во државата, чистење од сопствените гревови, префрлајќи го својот криминал на секој различен од нив, радикализам, непријателство, омраза, национализам и фашисоидност.

September 2, 2019 11:57
in СЛОБОДНА ЗОНА
фото: Александар Кондев

фото: Александар Кондев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Мислев, дури и во вакви бушави времиња, силно обременети со национални, конфесионални и идеолошки нетрпеливости, дека стравот од некои трауматични случувања, што безумно би можеле да се рашират низ земјата, ако ништо друго, барем ќе се обиде да ги подзачешла нештата. И со таа надеж, вртам весници, гледам телевизија, слушам анализи, политички проценки, мислења, ставови за случајот „Рекет“ и за сето она што потоа тој го предизвика, безмалку сигурен дека здраворазумското расудување ќе донесе какви-такви позитивни реакции и макар некакво олеснување.

Но, независно што таквите погледи, секако, се забележуваат, неспокојот со своевидно темпо непопустливо го одржува ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот „бестрашен лидер“ Христијан Мицкоски, кој во својата расшетана агенда непогрешливо, до запирка, го повторува истото (…Берово, Штип…), при што е уште понепогрешлив во препознавањето на македонскиот непријател (повеќе од половината македонски жители); непријател кој со „удбашки методи“ во периодот што следува ќе се обиде да направи продор во десницата за да го демотивираат и деморализираат патриотското десно гласачко тело. А, за да се спречи ова, за да не им се остави простор и време на „удбашките инсталации“, неопходни се превремени парламентарни избори, што ќе се случат веќе наскоро по масовното излегување на улица.

Иако свесен за сопствените скудни аналитички способности, наспроти оние стручни, длабински и радикално суштински, што курирски, ИНФОМАКС-овски навлегле во срцевината на нештата, при што, логично, подариле верба на алхемијата на зборовите на Мицкоски, скромно го нудам и своето мислење, не криејќи ја амбицијата и јас да проникнам во суштината на најавениот бунт и, се разбира, ако е можно, во непрепознатливото да ја препознаам вистинската причина за нив.

Значи, според мене, не би требало да има ништо непрепознатливо, зашто, ќе признаете, протестите организирани од дпмнеовската булумента секогаш се одвиваат по ист, востановен азимут: епско димензионирани проблеми во државата, чистење од сопствените гревови, префрлајќи го својот криминал на секој различен од нив, радикализам, непријателство, омраза, национализам и фашисоидност. Нов „квалитет“ на најавените протести, евентуално, би можел да биде конечното признавање на „најмакедонците“ оти се и отсекогаш биле против евро-атланските интеграции и дека македонската херметика е идеалната позиција во однос на надворешниот демократски свет. Тогаш може да се владее тоталитарно, идентично како во времето на Груевски.

Искрено, не верувам дека во главите на дпмнеовските радикали егзистира макар и елементарно чувство за слобода и право и дека менталната ситуација им наредила да тргнат во одбрана на правната држава. Но затоа, пак, еве да повторам, не ме напушта уверувањето дека претпоставените протести ќе бидат националистички обоени, гневни, со изразено непријателство и омраза кон неистомислениците; протести кои ќе ја бараат и пронајдат причината за насилно да се дојде на власт.

И сега, бидејќи чувствувам дека влегов во некаква полемика со оние кои не гледаат национализам во ставовите на радикалната десница, кај нас именувана како ВМРО-ДПМНЕ, еве прашање за нив: дали борбата за  слобода и за човекови права може да добие знак на еднаквост со  негирањето на другите и со истурањетво грст омраза кон сите оние (да повторам: според Мицкоски половина Македонија) кои, нели, примерено за вистинските „предавници“, во патриотизмот препознаваат демократски процеси во земјата, правна држава, борба против криминалот и корупцијата,  економски просперитет, незакатанченост во сопствената лажна големина, пробив кон европските, цивилизациски вредности, при што за досегање на сето ова не сакаат повторно да се најдат на онаа деспотско-криминална крајпатица на која нè смести бегалецот во Унгарија, а која сега се обидува да ја трасира – до ќорсокак – неговиот послушник Мицкоски.

Да нема недоразбирање: немам ништо против протести, на многу и јас сум бил учесник, но протести кои се ослободени од товарот на пренагласена национална врзаност, или национализам, ако така повеќе сакате. Зашто, тој, национализмот, е параноја, колективна и поединечна, живее од релативизам, не признава други, ги пренебрегнува вистинските вредности, естетските, етичките… и е последната идеологија и демагогија која му се обраќа на народот, впрочем, онаа на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 


фотографија: Александар Кондев

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share78Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ