• Latest

Северна Македонија и годинава дел од Европската недела на кодирање

September 4, 2019

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Северна Македонија и годинава дел од Европската недела на кодирање

September 4, 2019 10:58
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и оваа година активно учествува во Европската недела на кодирање, што ќе се одржи од 5 до 20-ти октомври. Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија и е лансирана прв пат во 2013-та година и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа. Во рамките на Европската недела на кодирање во 2018 година беа одржани 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над милион учесници, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Минатата година кон оваа идеја се приклучија над 130 училишта од државава, со повеќе од 5.000 ученици. На овој начин се зголеми интересот кај учениците и кај наставниот кадар за развој на дигиталните вештини.

– И оваа година ја продолжуваме оваа успешна приказна. Ги повикувам сите наставници што работат на развивање на дигитални вештини да се приклучат на оваа европска иницијатива. Со регистрирање на настан во Вашето училиште, го давате својот придонес за подигнување на свеста кај најмладите за развивање на дигитални вештини, како важна стратешка цел за зачувување на младите овде и обезбедување на нивен достоинствен живот. Северна Македонија е веќе дел од дигитална Европа, истакна министерот Манчевски.

Како дел од Европската недела на кодирање, како што се посочува, учество може да земе кој било наставник во основните и средните училиште на територијата на државава, со пријава на еден наставен час (надвор или во склоп на наставната програма), што ќе се одржи во рамките на Европската недела на кодирање.

Линк со појаснување за тоа како да станете дел од Европската недела на кодирање: http://events.codeweek.eu/guide/

Пријавувањето час посветен на програмирање се врши преку регистрирање на наставник, образовна институција и терминот на официјалната веб-локација. При тоа потребно е креирање на профил со корисничко име и лозинка, линк за пријавување: http://events.codeweek.eu/login/?next=/add/

Сите пријавени кои ќе одржат наставен час во рамките на Европската недела на програмирање ќе добијат сертификат за учество. Дополнителна можност за поддршка на проекти на граѓански организации и училишта (до 8 септември). Како дел од Европската недела на кодирање, Фондацијата Метаморфозис има објавено повик за доделување грантови од 300 евра од програмата „Meet and Code“ за 40 настани/проекти за кои може да се пријават партнерства од граѓански организации и училишта, истакнуваат од МИОА.

Целта на Meet and Code е децата и младите на возраст меѓу осум и 24 години да се запознаат со светот на технологијата и програмирањето. Настаните се организираат за да им се покаже на младите колку интересно и забавно може да биде програмирањето и како тоа може да помогне за оживување на идеите. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет. Идеите за настанот може да се достават онлајн на страницата на https://meet-and-code.org/mk/mk/ најдоцна до 8 септември. Организациите може да достават неколку различни идеи за настан. Секоја идеја за настан која ќе се квалификува како погодна ќе добие грант од 300 евра за организација на настанот. Можните настани вклучуваат хакатони, работилници за програмирање, предавања, филмски настани, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика или други формати.

При тоа, пријавените настани ќе имаат можност да се натпреваруваат и за награда на европско ниво на една од следните четири категории „Girls do IT!“, „Diversity“, „Code for the planet“ и „Code for your community“. Информации за наградите во рамките на „Meet and Code“ има на линкот: https://meet-and-code.org/mk/mk/award2019 , информираат од МИОА. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ