• Latest

Ни треба ре-инженеринг на политиката 

September 12, 2019
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ни треба ре-инженеринг на политиката 

Ако откриеме дека некој во соседството или на работното место украл 100 евра и дека е крадец, се лутиме, го избегнуваме во нашиот општествен круг, ги предупредуваме сите оние кои сакаме да внимаваат на „крадецот“ и го поимаме како прототип на некакво си зло. Е, сега, се прашувам, зошто ситуацијата станува сосема поинаква ако кражбата ја извршил политичар на позиција каде што може да украде и стотици илјади евра. 

September 12, 2019 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ТАРАВАРИ

Италијанскиот дипломат и политички теоретичар Николо Макијавели  во 16иот век го напишал делото „Владетелот“, објавено пет години по неговата смрт.  

Во делото се зборува за начините на кои еден амбициозен владетел би можел да дојде на власт или како постоечкиот владетел да ја одржи власта. Според размислувањата на авторот, најголемото морално добро е доблесна и стабилна држава, а постапките кои имаат за цел да ја заштитат и зачуваат државата се оправдани, дури и ако се сурови. Оттука и славната мисла на Макијавели „Целта ги оправдува средствата“.

Тој има и една друга фамозна изрека: Подобро да ти се плашат, отколку да те сакаат.

На полето на психологија на личноста, „макијавелизам“ е поимот со кој психологот Ричард Кристи ја опишува личноста која е манипулативна и индиферентна кон моралот.

Ајде сега, од Фиренца од 16иот век, да се префрлиме во Северна Македонија во 2019 година.

Што имаме ние? Макијавелски политичари, социјалисти, демократи или комунисти? Корумпирани политичари, саботери, лобисти, нарцисоиди, авторитарни личности, параноици, тоталитарци, што?

Што сѐ не сме склони да создадеме од типот или поимот политичар. Дали сме можеби народ кој го создава и брани имиџот на макијавелски политичар? Оној кому сѐ му е дозволено.

Ајде, да почнеме со некои поедноставни примери.

Ако откриеме дека некој во соседството или на работното место украл 100 евра и дека е крадец, се лутиме, го избегнуваме во нашиот општествен круг, ги предупредуваме сите оние кои сакаме да внимаваат на „крадецот“ и го поимаме како прототип на некакво си зло.

Е, сега, се прашувам, зошто ситуацијата станува сосема поинаква ако кражбата ја извршил политичар на позиција каде што може да украде и стотици илјади евра. Зошто тогаш тој за нас не претставува крадец? Зошто перцепцијата веднаш се менува? Зошто тој сѐ уште се кити со зборот „политичар“?!?

Амнестијата со која се соочуваме пред криминалот и политичката корупција е необјаснива. Глорификацијата што ја правиме кон овие поединци, кои се движат и дејствуваат далеку од моралот и принципите на кои сакаме да ги учиме нашите деца, е толку голема што понекогаш се претвора во процес достоен за професионална психолошка анализа. Идолопоклоништво до невидени размери.

Дали сме сè уште премногу чувствителни и неквалификувани за да се соочиме со она што го нарекуваме правна држава, слободна и демократска држава?!

Сигурно не сме банда дембели што сакаме да ги одгледуваме нашите деца на минско поле, поддржувајќи го брзото збогатување преку корупција. Ама, пак, зошто се однесуваме како да сме?

Едно е сигурно, си дозволуваме да ја оправдаме макијавелистичката политика. Во онаа лошата смисла на зборот. Во онаа, баш, најлошата!

Како за потсетување, луѓе мои, иако ни е јасно. Корупцијата предизвикува намалување на инвестициите во јавни добра или, уште поконкретно, помалку пари за здравствена заштита, а повеќе за проектите од личен интерес на корумпираните. Корупцијата значи уништување на распределбата на јавните добра во „корист“ на трошоците што водат до создавање поволни услови за мито. Она што e поврзано со личните интереси кои го кршат секој принцип на етиката, со интересите на малициозните ликови кои продаваат своја дефиниција на моралот, а која ние упорно ли упорно ја купуваме. И тоа со нашиот живот, со животите на нашите деца и притоа и ракоплескаме!!!

Ни треба ре-инеженеринг на политиката, ни треба „реформа“ на системот, ако сакаме да ја спасиме демократијата. Или попрецизно, ако сакаме да ја создадеме. Зашто, во спротивно, системот ќе ни колабира и нешто опскурно, уште повеќе од сега, ќе го заземе неговото место.

 


Авторот, д-р Арбен Таравари, е градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците. По професија е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје, а од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share108Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ