• Latest

Бундестагот ќе даде зелено светло и ќе постави услови за Северна Македонија

September 26, 2019

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бундестагот ќе даде зелено светло и ќе постави услови за Северна Македонија

September 26, 2019 11:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот Бундестаг денеска, покрај тоа што ќе се согласи да постави датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, ќе донесе и услов за германската влада, која ќе се обврзе да ги следи преговорите и реформите во Скопје, дознава Алсат.

Во документот се наведува следново:

Бундестагот ќе ја повика сојузната влада:

1. да се осигура дека рамката на преговорите ќе се обликува така што ќе обезбеди конзистентно продолжување на реформскиот курс и, пред сè, спроведување на договорените реформи од страна на СМ. Отворањето и затворањето на одделни поглавја на преговори мора да зависат од јасни критериуми;

2. да се разјасни, дека СМ ќе мора да продолжи да вложува значителни дополнителни напори за исполнување на критериумите за пристапување, особено во областите на

– Владеењето на правото, вклучително основните права и ефикасноста на Специјалното обвинителство, исто така, и под нова организациска поставеност.

– Борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и создавање на солиден резултат како и за перење на пари и финансиски криминал, како и

– зајакнување на институциите и промовирање на човековите права;

3. да се осигура дека Комисијата и Европската служба за надворешни работи редовно ќе се информираат за напредокот на реформите за време на пристапните преговори, особено во овие клучни области.

4. Да се осигура, дека отворањето (справувањето) со овие поглавја (пред се поглавје 23 правосудство и основни права, 24 Судството, слободата и безбедноста) следуваат веднаш по започнувањето на преговорите, а ќе затворат на крајот на преговорите. Акционите планови за овие поглавја предложени од Комисијата мора да бидат утврдени со јасни рокови и цели, чие исполнување е предуслов за отворање нови поглавја; претходно не смеат да се отворат други поглавја. Комисијата мора, покрај годишните извештаи, редовно да известува за спроведувањето на акционите планови за напредокот. Отворањето и затворањето на соодветните поглавја мора да зависат од напредокот во овие области.

Бундестагот го задржува своето општо право во согласност со чл.8 од EZZBBG за став, доколку заклучи дека не се исполнети условите за отворање на поглавја за преговарање;

5. да се осигура дека темите наведени подолу ќе бидат во фокус на преговорите за пристапување.

– функционални демократските институции,

– реформа на јавната администрација,

– економски развој и конкурентност,

– добрососедски односи и регионална соработка,

– слобода на печатот и медиумите,

– права на најранливите групи и припадници на малцинствата,

– живо граѓанско општество

6. да се осигура дека СМ целосно ги исполнува политичките и економските критериуми при пристапувањето. Не треба да постои по автоматизам датум на пристапување, на пример, доделување на датум за пристапување пред завршувањето на преговорите.

7. да се залага дека прилагодувањето кон законодавството на ЕУ не се разводнува (да не се пролонгира) преку преговори;

8. да се залага, дека СМ за време на процесот на преговарање подлежи на одредбите на европската стабилност договорот за раст и да се придржува кон критериумите за стабилност на Договорот од Мастрихт, пред можен прием, да може и официјално да припаѓа кон монетарната унија;

9. континуирано да го информира Германскиот Бундестаг во согласност со §§ 3 до 6 од EUZBBG за статусот на преговорите за пристапување и исто така да ја изјасни својата позиција кон тоа. Напредокот на патот кон пристапување не треба да биде оценуван само од комисијата, туку и редовно од сојузната влада, вклучително и нејзините дипломатски мисии.

извор: Алсат 

Print Friendly, PDF & Email
Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ