• Latest

Ангеловска: Со ребалансот средствата одат онаму каде што ќе имаат најголема ефикасност

October 7, 2019
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Со ребалансот средствата одат онаму каде што ќе имаат најголема ефикасност

October 7, 2019 14:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на Буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците пред кои од денеска на дневен ред е Предлог дополнетиот ребаланс на Буџетот.

“Од овој Ребаланс, за граѓаните обезбедуваме поддршка за поголеми плати за вработените во приватниот сектор, поголеми плати за вработените во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување за невработените граѓани и конечно, за нешто помалку од три месеци првпат на граѓаните ќе им бидат вратени првите пари преку проектот мојДДВ. А ова не е единствената придобивка од овој проект, зашто преку мојДДВ граѓаните директно ја помагаат борбата за намалување на сивата економија“, истакна минисерката, која првпат пред пратениците брани ваков документ, откако е избрана на оваа функција.

Потенцира дека текот на реализацијата на Буџетот во изминатиот период од годинава ја наметна потребатa од незначителна корекција на приходната и расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, но исто така  реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции. Но, како што посочи, поставените цели за 2019 година целосно се насочени во функција на постигнување на клучните приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО. Притоа потсети дека веќе започна исплатата на зголементи за пет отсто плати во јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната и во другите дејности во јавната администрација.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Во овие рамки дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со буџетот, односно е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.

Таа пред пратениците напомена дека со измените е направена реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, особено кај проекти финансирани со странски кредитни линии, ревидирање на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки, намалување на каматните расходи за 924 милиони денари, согласно континуираните напори на Министерството за финансии за намалување на каматните стапки на задолжувањето, обезбедување  средства за непречено функционирање на новоформираната Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување на дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста Африканска чума кај свињите. Се алоцираат средства во износ од 183 милиони денари за колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО, потоа дополнителни средства во износ од 244 милиони денари за правосудниот систем со цел јакнење на финансиската состојба и решавање на прашањето поврзано со исплатата на надоместоците на вработените во овој ресор, како и 200 милиони денари зголемување на државната помош во Фондот за иновации и Агенција за странски инвестиции и поттикнување на извозот.

Има и алоцирање на средства за откуп на акции за целосна државна сопственост на АД ГА- МА, средства за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица во износ од 300 милиони денари, дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки како поддршка на вработувањето, во кои е вклучена и новата мерка за поддршка на младите во производството, субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во износ од 400 милиони денари, дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин во износ од 193 милиони денари, како и алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и поголем трансфер од Буџетот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб, согласно месечните исплати за бројот на осигуреници, што во суштина го потврдува и трендот за зголемување на вработеноста.

Осврнувајќи се на реализацијата на вкупните расходи на Буџетот од јануари до септември годинава, Ангеловска рече дека тие се реализирани во износ од 155,3 милијарди денари, што претставува 68 отсто во однос на годишно планираниот износ, односно раст од 8,1 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Соопшти дека редовно се сервисирале обврските на државата по основ на исполнување на правата за загарантирана социјална заштита на населението за чија намена се реализираа седум милијарди денари. Најголем дел од овие средства се парични надоместоци за социјална помош на граѓаните, права од областа на детската заштита, родителскиот додаток, како и други надоместоци за ранливите категории на граѓани. За исплата на пензиите се наменија 42,1 милијарди денари, додека преку Агенцијата за вработување се реализираа средства во износ од 1,1 милијарда денари за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и 654 милиони денари за активни мерки за вработување.

За сервисирање на обврските по основ на камати се одвоени средства во износ од 6,5 милијарди денари, согласно амортизационите планови за домашно и надворешно задолжување, како и отплата на главницата за преземените обврски по кредити во износ од 10,2 милијарди денари.

Капиталните расходи во периодот јануари-септември 2019 година,како што рече, се реализираа во износ од 8,5 милијарди денари или 33 отсто во однос на годишно планираниот буџет.

Во периодот јануари-септември 2019 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 8,1 милијарди денари или 1,2 отсто од проектираниот БДП за 2019 година.

Пред пратениците министерката зборувајќи за остварените макроекономски движења и проекции рече дека растот на економската активност продолжи со посилен интензитет споредено со растот во 2018 година и изнесува 3,6 отсто и дека растот е резултат на позитивните остварувања кај сите дејности.

„Континуираното забрзување на економскиот раст во текот на 2018 година, како и позитивните поместувања во првата половина од 2019 година изразени преку поинтензивен раст на инвестициите, силна поддршка на потрошувачката врз економскиот раст, континуиран силен раст на извозната активност, засилено кредитирање на приватниот сектор, раст на активноста во градежништвото и индустријата, претставуваат реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5 отсто“, рече Ангеловска.

За државниот долг на Република Северна Македонија рече дека на 30 јуни 2019 година изнесува 4.374,6 милиони евра, односно 38,4 отсто од БДП, додека јавниот долг изнесува 5.300,2 милиони евра, односно 46,6 отсто од БДП со што Република Северна Македонија е умерено задолжена земја.

Таа додаде дека вкупните потреби за финансирање во 2019 година изнесуваат 34 милијарди денари и дека ќе се обезбедат преку комбинација на задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

Денешната расправа по ребалансот на Буџетот продолжува по редовната едночасовна пауза.

Според Деловникот за работа на Собранието, пратениците може да расправаат за ребалансот на Буџетот најманогу до пет дена.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ