• Latest

Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот

October 9, 2019

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот

October 9, 2019 12:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија во изминативе неколку години успеавме да направиме суштинска општествена промена. Тргнувајќи од состојба на заробена држава, како што ја дефинираше Европската Комисија во 2016 година, станавме земја светол пример во регионот, но и пошироко, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кодомаќин на денешниот регионален промотивен настан на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility“ за Западен Балкан и Турција втора фаза.

Димитров нагласи дека очекуваното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија ќе покаже во пракса како една земја може суштински да се промени и напредува.

– Докажавме дека со политичка волја и лидерство можат да се надминат тешките отворени прашања со соседите, но и смело се впуштивме во домашната реформска агенда, со цел да обезбедиме европски живот дома, а не вон границите на регионот, рече шефот на дипломатијата.

Во однос на програмата „Horizontal facility“ вели дека целта е обезбедување на подобар животен стандард и европски начин на живот за граѓаните.

– Заедничката програма дава можност да ги утврдиме областите во кои нашите земји имаат птореба од понатамошна поддршка во домашните реформски процеси преку активно вклучување  на корисниците со цел постигнување на европските стандарди, рече Димитров.

Тој информира дека во рамки на првата фаза од програмата, 80 отсто од затворскиот персонал ги зголемил своите знаења и вештини од темите за човекови права, а воспоставен е и полициски механизам за надворешен надзор во однос на полициската работа.

Со проектот за поддршка на засилен пристап до услуги за бесплатна правна помош со повисок квалитет, Димитров појасни дека беа спроведени правни анализи за Министерството за правда во процесот на финализирање на законот за бесплатна правна помош.

-Со акцијата Борба против економскиот криминал, беше направен напредок од воспоставување на регистар за корисничка сопственост. Во рамките на акцијата за спречување и борба против трговија со луѓе се спроведуваат обуки на приближно 90 отсто од трудовите инпектори во земјата, додека предлог законот за државен фонд за компензација за жртви на насилни злосторства е во завршна фаза за подготовка, рече Димитров.

Колин Волф од Европската Комисија, вели дека хоризонталниот инструмент како да не го истакнува до крај фактот дека се работи на едно многу важно прашање, како што е владеењето на правото, и без кое луѓето не можат да имаат нормален живот.

Владеењето на правото, како што посочи, е суштинска важност за секој поединец, за сите групи, за демократијата, демократските институции, поддршката на демократските институции, еден од најважните концепти во кој треба да веруваме.

-Хоризонталниот инструмент работи на овие прашања, кои се важни за многу аспекти во однос на општествениот живот и очекувањето на граѓаните од нивните лидери. Ова е важно и за успешен економски раст затоа што на делумните субјекти потребна им е сигурност при владеење на правото. Луѓето мора да знаат дека се заштитени, и ова е важно за справување со многу предизвици кои се присутни во нашите земји, како на пример да се задржат младите луѓе во регионот. Врз основа на ова начело можеме да создадеме Европа сконцентрирана на вредностите кои ги исполнува и спроведува, рече Волф.

Волф потсети дека Европската комисија препорача да се отворат преговори за членство со нашата земја и со Албанија, и се надева дека ќе биде донесена позитивна одлука следната недела на Советот на министри и на Европскиот совет.

Тој и честита на Северна Македонија за сите напори што ги презема за сите теми на кои се зборува на регионалната конференција.

Во рамки на настанот, учесниците имаат можност да учествуваат во работата на паралелни тематски работилници, од кои секоја покрива теми од четирите главни тематски области: обезбедување правда (затвори и полиција; правда и човекови права), борба против корупција, економски криминал и перење пари; борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (образование, човекови права и спречување на дискриминација; трговија со луѓе) и слобода на изразување и медиуми. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ