Поранешната советничка на Владата за соработка со меѓународни организации, Ивана Јордановска, на својот Твитер профил објави пораки до францускиот претседател Емануел Макрон, за кои јавноста реагираше остро.
„Да сумираме. Е*и се претседателе Макрон. Знам дека ќе добијам шанса да ви го кажам ова в лице еден ден”, стои во твитот на Јордановска.
Медиумите и граѓан(к)ите реагираа на овие зборови на Јордановска, особено затоа што таа била советничка на премиерот Заев и дека не смее да си дозволи да користи таков речник кон францускиот претседател.
На ова реагираше и портпаролот на Владата.
„Ивана Јордановска не е вработена во Владата од август 2018. Изнесените ставови може да бидат само нејзини лични мислења и никако не ги изразуваат и не смее да се поврзуваат со ставовите и политиките на Владата. Владата не поддржува и осудува говор на омраза во која била форма“, пишува на Твитер.
А. П.